Стената или нечленувано Стена () — планински рид во западна Егејска Македонија, источен огранок на планината Вич.
Опис Стената е долг и тесен срт кој се протег аво правец југозапад – североисток. Претставува граница меѓу Леринско на северозапад и Кајларско на југоисток. На северозапад се наоѓа Рудничкото Езеро, а долината река Лесковица ја двои од Врапчинска Планина. На југ Белева Река ја двои од најсевероисточниот врв на Мурик наречен Чука (1,109 м).
Во североисточното подножје е леринското село Рудник, а во југоисточното се кајларските села Ракита и Чор.
На врвот Свети Мина има истоимена црква, а на брегот на Рудничкото Езеро е сместена црквата „Св. Никола“.
+ Врвови Име Грчки Висина Местоположба Стената Στένα 944 м во ЈЗ дел, СИ над Мокрени Мацика Ματσίκα, Τσιμέντο 905 м во ЈЗ дел, СИ над Мокрени и западно над Чор Свети Мина Άγιος Μηνάς 838 м во средишниот дел, З над Ракита со истоимената црква Муцари Μουτσάρι 764,4 м во СИ дел, Ракита Гроб, Гробо Γρόμπο 724 м во С дел, С од Ракита и ЈЗ од Рудник
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Вич Категорија:Суровичево (општина)