288пкс|мини|десно|Карта на Северна Британија во древноста Каледонија () — древно име за северниот дел на островот Велика Британија, северно од Адријановиот ѕид или Антониновиот ѕид, кое се поистоветува со денешна Шкотска. Каледонската Шума на северната граница на Римска Британија за првпат се спомнува во „Природна историја“ на Плиниј Постариот. Подоцна, зборот „Каледонија“ се среќава кај Публиј Корнелиј Тацит, во раскажувањето за походите на Гнеј Јулиј Агрикола.
Во 83 или 84 г., водачот на каледонските племиња, Калгак, бил тешко поразен од Агрикола во Битката кај Грауписките Планини, при што загубил 10.000 души. За време на владеењето на Антонин Пиј, Квинт Лолиј Урбик успешно се борел против Каледонците и меѓу 142 и 154 г. го изградил т.н. Антонинов ѕид (кој бил напуштен од Римјаните во 160 г.).
Царот Септимиј Север во 209 г. спровел победничка кампања во Каледонија, но по неговата смрт во 211 г., територијата била напуштена. Подоцна, Каледонија исчезнува од делата на писателите; на сцената стапуваат Пикти (од крајот на III век), како и Шкоти, Атакоти и Саксонци (од 367 г.).
Името „Каледонија“ се поврзува со племињата Каледонци и Дикалидони, за кои се претпоставува дека припаѓале на докелтското население на Западна Европа.
Поврзано Нова Каледонија — прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Во геологијата, Каледонија понекогаш се користи за именување на древниот континент Лаврусија.
Литература Голем енциклопедиски речник, Петербург, 1890 — 1907.
Наводи
Надворешни врски Anglia Scotia et Hibernia — карта од 1628 г.
Clans of Caledonia
Категорија:Историја на Шкотска Категорија:Британија (римска провинција) Категорија:Шкотска култура