Свети Тома () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Градбата претставува камена трикорабна базилика со дрвен покрив. Според натписот на вградената мермерна плоча, храмот е подигнат во 1849 г. Внатрешноста била живописана во 1876 г. од поп Томас Икономидис од Селица, за што сведочи зографскиот натпис на северниот ѕид:
Иконостасот е од времето на изградбата на храмот. На една од иконите има натпис со годината 1842: „Δέησις του δούλου του Θεού Γεωργίου του μακαρίτου Ιωάννου ιερέος και της συζήγου αυτού Μαλαματής και υιού αυτού Βασιλίου 1842“.
Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Галерија
Поврзано
Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Појавено во 1849 година