Јован Самарински () — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самаринската школа.

Животопис Роден е во втората половина на XVIII век во влашкото село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Работел заедно со својот брат Симеон (Симо). Нивно дело се иконите „Св. Ѓорѓи“ (1852) од црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Ретина, Катеринско и „Св. Богородица“ (1862) од „Успение на пресв. Богородица“ (1862) во Земњач, со потпис: „ιστορήθη αύτη ι εικών διά χειρός Σίμου κε Ιωάννου σαμαριναίου“. Двајцата се автори и на живописот во католиконот на манастирот „Св. Троица“ во Јанота, Еласонско, каде што го оставиле потписот: „εζωγραφίσθη υπό των εκ Σαμαρίνης αυταδέλφων Συμεών και Ιωάννου“. Во 1881 г. самостојно го насликал манастирот „Пресв. Богородица Стана“ во селото Епињани, Аграфа.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи