Trifolium sebastianiRoskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.)Bobrov, E.G., 1941 In:Flora URSS, Vol.11. Mosqua, Leningrad. (Rus) — едногодишен вид на детелина опишан од Гаетано Сави. Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.
Опис Растението е едногодишно, високо 10–30 см. Стеблото е исправено или приподигнато, силно разгрането и покриено со ретки прилегнати и нагоре свртени влакна. Базалните листови имаат дршки подолги од листната плочка, додека кај горните листови дршките постепено се скратуваат и често се покуси од листната плочка. Листовите се обратнојајцевидни до долгнавести, долги 10–18 мм, најшироки во средината, со тап до заоблен врв и клиновидна, цела основа. Работ е ситно и остро назабен. Лисните плочки се приближно еднакво долги со дршките. Прилисниците се линејно-копјести и завршуваат со долг заострен врв.
Соцветијата се мали, со пречник до 10 мм и составени од 8–20 цветови. Дршката на соцветието е покуса од соодветниот пазувен лист. Цветните дршки се свиткани надолу, три до четири пати подолги од трубестиот дел на чашката и покриени со мал број прилегнати влакна.
Чашката е долга околу 3 мм, гола или со ретки влакна. Нејзиниот трубест дел е многу кус, долг околу 0,5 мм, а запците се долги и шиловидни. Горните запци се долги околу 1,5 мм, а долните 2,5–3 мм. На врвот на запците се развиваат едно или две долги влакна. Венчето е жолто, долго околу 4 мм и има надолжни бразди. По прецветувањето добива црвенкаво-светлокафеава боја. Плодот е светлокафеава мешунка, малку покуса од цветот.
Распространетост во Македонија Trifolium sebastiani расте по варовнички камењари, покрај дабова шума. Овој вид на медитеранско растение во Македонија единствено се среќава во подножјето на планината Галичица, помеѓу селата Стење и Коњско (Ресенско).
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Детелина