Велчани или Величани () — село во општината Поградец на Горичката област, југоисточна Албанија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Мокра, над левата страна на Шкумба, во подножјето на планината Црн Камен, северен продолжеток на Валамара, на надморска височина од 1.020 м.Велчани (781280) — GeoNames Околни села се Бузавишта и Лозник.
Историја Во пишаните извори селото за првпат се споменува во опширен пописен дефтер за Охридскиот Санџак од 1519 г. под името Величани со 83 домаќинства, 8 неженети и 4 вдовици, сите христијани. Вторпат се споменува во 1583 г. како дервенџиско село со 102 христијански домаќинства и 19 неженети, како и 6 муслимански домаќинства и еден неженет муслиман. Дервенџиите биле задолжени да градат и обновуваат мостови на реката Шкумба, па затоа биле ослободени од плаќање државен данок (авариз), но и од давање веслари за морнарицата.
Првобитно, Велчани, како и сите околни села, било населено со Македонци. Стардоседелското население се иселило кон крајот на XVIII век за време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт, а на нивно место се доселиле Албанци (Тоски).
Според податоците на Васил К’нчов („Патувања по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“), кон крајот на XIX век во Велчан (Величај) имало 60 албански муслимански куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Горно Вичан е претставено како чисто албанско село во Старовската Каза на Горичкиот Санџак со 58 куќи.
Сè до 2015 г. селото било седиште на Општина Велчани која се состоела од осум села.
Население
Иселеништво Од иселените православни жители се знае за родовите Велкој, Бебекој и Бубаној во Вевчани. Во родот Велкој се знае следното родословие: Рашо (жив на 72 г. во 1971)-Косто-Крстан-Тане-Трифун. Од албанското население се имаат иселено две семејства во струшкото село Тоска.
Наводи
Категорија:Поградец (општина)