Euphorbia palustris е вид скриеносеменица од семејството млечки, по потекло од мочуриштата низ поголемиот дел од континентална Европа и западна Азија. Тоа е тревесто повеќегодишно растение кое расте 50-15 цм височина и ширина. Стеблото е вертикално, цилиндрично, дебело, празно, голо, во горниот дел со многубројни стерилни гранчиња. Листовите се спирално распоредени, копјести до долгнавесто-копјести, 2-6 цм долги, 3-15мм широки, на горната страна темнозелени, на долната синкави, во основата јајцевидни, на врвот заострени.
Обвивката на циатумите 3-4 мм долга, широко-ѕвонеста, гола, 4-делна. Кутијката 4,5-6 мм долга, по површината со куси брадавички.
Столпчињата дебели, во основата 1/3 сраснати помеѓу себе, на врвот плитко всечени, а секој дел проширен на врвот.
Семките кафеави 3-3,7 мм долги, мазни.
Објавено било и првпат опишано од Карл Линеј во неговата книга Species Plantarum на страница 462 во 1753 година.
Претпочита трајно влажни услови, како и постојана изложеност на сонце, па оттука латинскиот специфичен епитет palustris, „од мочуриште“.Archibald William Smith Се смета за идеално растение за градинарство бидејќи има различна боја во речиси сите годишни времиња.
Euphorbia palustris ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Како и сите млечки, сите делови од растението се токсични ако се изедат а од исечените стебла тече леплив сок.
Распространетост во Македонија Euphorbia palustris расте по влажни места покрај блата и езера. Позната е за Скопје, Катлановско Блато и кај с. Петровец; Прилеп-блатото кај с. Кривогаштани. Се посочува за Струмица, с. Колешино; блатото помеѓу Гостивар и Тетово како и Пелагониското Блато.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Млечка (растение) Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија