Euphorbia lathyris е вид млечка која потекнува од Азија во западна Кина, Киргистан и Пакистан, а е воведена и на други места.Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe.

Раст Euphorbia lathyris е исправено двегодишно (повремено годишно) растение кое расте 20-150 цм, темнозелено а потоа сивкастосо многубројни стебла од основата. Во првата година има густи листови кои во втората во долниот дел отпаѓаат.

Листовите се распоредени во декусирани спротивни парови и се линејни до долгнавесто-копјести, 5–15 см долги и 0,5-1,5 см широки, на врвот заострени или тапи, во основата заокруглени или слабо срцевидни. Во основата на штитчињата 2 триаглесто-јајцевидни на врвот заострени.

Штитот со 2 зрацикои повеќепати дихотомно се разгрануваат.

Куијката голема 8-12 мм долга, 10 мм широка, мазна со доста плитки бразди.

Семките јајцевидно-топчести 5-7 мм долги, 4-4,5 мм широки, светлокафеави до црвеникаво-кафеави, со грубо мрежеста површина.

Цветовите се зелени до жолто-зелени, со дијаметар од 4 мм, без ливчиња.

Распространетост во Македонија Ова растение расте во Пробиштип, с. Лесново.

Хемиски карактеристики Целото растение е отровно, вклучувајќи ги семето и коренот. При допирање може да предизвика иритација на кожата бидејќи растението произведува латекс. Иако е отровно за луѓето и поголем дел од добитокот, козите понекогаш го јадат и се имуни на токсинот. Сепак, токсинот може да се пренесе преку козјото млеко.Poisonous Plant Information: Caper Spurge

Живеалиште Далеку од својот домороден опсег, е широко натурализирано во многу региони, каде што често се смета за инвазивен вид. Расте во делумна сенка до целосно сонце.

Употреба Euphorbia lathyris се употребува во народната медицина како лек за рак, плускавци и брадавици, а наводно го користеле и просјаци за да предизвикаат кожни чиреви.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Градинарски растенија Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија