Зафир Хаџи Ангелов Станин (постар правопис: Зафиръ хаджи Ангеловъ Станинъ; Велес, 1804 — Велес, 1875) — македонски трговец и општественик, дел од Македонската преродба. Претежно дејствувал во Солун.

Животопис Зафир Хаџи Ангелов е роден во 1804 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од богато трговско семејство. Неговиот татко Хаџи Ангел Станин бил истакнат и моќен трговец во градот кои соработувал со турската влада. Давче, брат му на Зафир, помогнал со отворањето на првото основно училиште во Велес. Освен „хаџи“, Зафир ја добил и титулата „бег“. Со цел да си ја прошири трговската мрежа, Зафир Хаџи Ангелов се преселил во Солун.

Имал пет ќерки кои се омажиле со значајни трговци во Македонија. Ќерка му Марија се омажила со Никола Поп Стефанов (1837 — 1895) од Велес. Додека ќерка му Ана се омажила во богатото благородно семејство Хаџи Мишеви, исто така по потекло од Велес. Зафир починал во 1875 година во Солун.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1804 година Категорија:Починати во Солун Категорија:Починати во 1875 година Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски трговци Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Македонски општественици