Sempervivum leucanthum (syn. Sempervivum kindingeri) — вид цветно тревесто растение кое припаѓа на родот чуваркуќа () од семејството дебелци (Crassulaceae). Видот за првпат е опишан од српскиот ботаничар Јосиф Панчиќ.

Опис и распространетост Sempervivum leucanthum е повеќегодишно растение со задебелени листови распоредени во разретчена розета со дијаметар од 4 до 6,5 см и кратки, дебели столони. Цветното стебло достигнува висина до 25 см, покриено со долги жлездести влакна и густо наредени листови по неговата должина. Листовите во розетата се поставени како покривни црепови, долги 40-55 мм и широки 14-22 мм, со издолжено-лопатовидна форма; основата е малку стеснета, врвот проширен и кратко заострен, со ретки жлездести влакна, а на врвот има густи бели и долги жлездести влакна. Листовите на стеблото се помали и потесни: долните се долги 40-55 мм и широки 10-13 мм, а горните 20-26 мм долги и 6-9 мм широки; тие се расперени, врвот постепено се заострува и имаат погуста жлездеста влакнатост. Цветовите се речиси без дршки, составени од 12 делови, групирани во долги цимозни гранчиња со 10-12 цветови. Ливчињата на чашката се копјести до пошироко-копјести, со издолжен заострен врв, долги 4,5-5 мм и широки 1-1,5 мм, зелени и покриени со жлездести влакна. Венечните ливчиња се тесни и издолжени, со остар врв, долги до 13 мм и широки околу 2 мм, со жлездести влакна по рабовите и задната страна; бојата е бледо-жолта со восочен тон, а во основата има црвена дамка. Прашниците се пократки од венечните ливчиња; филаментите се жолти со восочен изглед и црвени линии, а во основата имаат жлездести влакна. Мешунчињата имаат ретки жлездести влакна и столпче долго до 7 мм.

Во Македонија расте по пукнатините на карпите. Видот е забележан единствено во Таорската Клисура, меѓу селото Зелениково и градот Велес.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Чуваркуќа (род) Категорија:Дебелци Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа