мини|Мерит Линдон Ферналд собира Draba aurea во близина на Римуски, Квебек, 1905 годинаМерит Линдон Ферналд ( - ) — американски ботаничар. Тој бил почитуван научник за таксономијата и фитогеографијата на васкуларната растителна флора на умерениот источен дел на Северна Америка. За време на својата кариера, Ферналд објавил повеќе од 850 научни трудови и го напишал и уредувал седмото и осмото издание на Греевиот прирачник за ботаника. Ферналд е коавтор на книгата Јадливи диви растенија на источна Северна Америка во 1919-1920 година со Алфред Кинси, која била објавена во 1943 година.Del Tredici, Peter. "The Other Kinsey Report", Natural History, , July 1, 2006, Vol. 115, Issue 6.

Биографија Ферналд бил роден во Ороно, Мејн. Неговите родители биле Мери Лавџој Хејвуд и Мерит Колдвел Ферналд, кој бил универзитетски професор на Мејнскиот универзитет. Ферналд учел во средното училиште Ороно, во кое време решил дека сака да стане ботаничар. Собирал растенија околу Ороно и објавил два ботанички труда додека сè уште одел во средно училиште. Ферналд го посетувал Мејнскиот државен колеџ во времетраење од една година, но почнал да работи како асистент во Грејовиот хербариумот на Универзитетот Харвард кога имал 17 години. Почнал да студира на Харвард во 1891 година, дипломирал со почести во 1897 година и се приклучил на факултетот на Харвард, во кое време останал активен во Хербариумот. Заедно со Џејмс Франклин Колинс, тој бил ко-уредник на exsiccata Растенија во источен Квебек, округ Бонавентура (1905).

Ферналд бил избран во Американската академија на уметностите и науките во 1900 година, во Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави во 1935 година, и во Американското филозофско друштво во 1936 година. Ферналд ја добил наградата Лајди во 1940 година од Академијата за природни науки на Филаделфија.

На 15 април 1907 година, Ферналд се оженил со Маргарет Хауард Грант (1875–1957), во Провиденс, Род Ајленд. Таа била ќерка на Хенри Тајлер Грант Џуниор и Ени М. (Мантон) Грант. Тие имале три деца: Кетрин (1908–1986) Мери (1910–1927) и Хенри Грант Ферналд (1913–1982). Ботаничарката Мина Ферналд му била роднина.

Наводи

Извори

Стаки, Роналд Л. (2000), Ферналд, Мерит Линдон, Во: Американска национална биографија онлајн, Оксфорд Универзити Прес

Надворешни врски

Биографски мемоари на Националната академија на науките

Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Американски ботаничари Категорија:Починати во 1950 година Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки