Rubus ulmifolius subsp. sanctus, е Rubus домороден во делови од Азија и Европа.

Ова растение е многу долговечно. Еден примерок од него може да се најде во капелата на горечката грмушка на Синајска Гора, каде што се почитува како оригинална несогорлива капина од Библијата. Оваа долговечност и локација довеле до неговото латинско име.

Опис Грмушесто растение. Стеблата здрвенести, силно лачно издожени или полегнати, аглести, жлебовидни, со густ брашнест налеп (пруинози), повеќе или помалку пруинозни, препокриени со бројни, ѕвездести влакна со долги и куси краци, како и со јаки, прави или малку српесто свиткани, во основата проширени трња, распоредени по рабовите на стеблото.

Листовите на цветните гранчиња во горниот дел тројни во средниот и долен дел дланковидни со 5 ливчиња. Сите листови на горната страна темнозелени со поретки, прости влакна, како и со ретки ѕвездести влакна, обично кај работ на листот, на долната страна сивкасто-белузникави, густо препокриени со куси, прилегнати, кадифени, ѕвездести влакна и подолги, расперени, прости влакна. Терминалното ливче кругло, широко-јајцевидно, елиптично или обратно-траглесто, во основата срцевидно или заокруглено, на врвот постепено заострено или всечено, по рабовите назабено. Прилисниците линејни, влакнести. Цветовите собрани во издолжени, често пирамидални соцветија; оската на соцветијата влакнеста, со густи и куси влакненца, како и со поретки, расперени, долги влакна. Чашкините ливчиња јајцевидни, сивкасто-зелени, препокриени со густи влакненца, по краевите со бел раб, по прецветување свртени наназад. Венечните ливчиња обратно-јајцевидни, темноцрвени до бледорозови, подолги од столпчињата, антерите влакнести. Прашниците вертикални, бели, подолги од столпчињата. Карпелите голи. Плодовите црни.н|мини

Хемија 3,6-Ди-О-кафеоилглукоза, 1-О-кафеоилксилоза и 2,3-О-хексахидроксидифеноил-4,6-О-сангисорбој-(α/β)-глукоза (елагитанин конституиран со сангисорбинска киселина ), се наоѓаат во R. ulmifolius subsp. sanctus.

Распространетост во Македонија Расте на суви места, покрај патишта, ниви, лозја, во појасот на брдските пасишта, на отворени места во појасот на дабови шуми, во клисури, покрај железнички пруги и др.

Варијабилност

Терминалното ливче пошироко отколку долго или пак со еднаква ширина и должина Терминалното ливче круглесто, на врвот всечено. Соцветијата најчесто збиени. Венечните ливчиња круглести - var. truncatus (познат за Таорска Клисура) Терминалното ливче широко, обратно-јајцевидно, на врвот всечено или пак остро и кусо зашилено, по рабовите нерамномерно назабено, соцветијата растресити, венечните ливчиња јајцевидни - var. alnifolius (Познат за Скопје - Водно, Матка; Кочани - с. Истибања; Гевгелија - Богданци; Струмица - с. Банско, с, Габрово; Ресен - с. Стење, с. Коњско, Отешево; Охрид - с. Пештани, с. Трпејца. Терминалното ливче подолго отколку широко Терминалното ливче обратно-триаглесто - var. obriangulatus (Дервенска Клисура - с. Рашче; Кочани - с. Истибања; Валандово) Терминалното ливче обратно-јајцевидно, во основата срцевидно - var. sanguineus (познат за Скопје - Водно, Матка; Дервенска Клисура - с. Рашче; Таорска Клисура, Куманово - с. Оризари, с. Лопаје; Велес - с. Градско, С. Уланци; Демир Капија - с. Клисура; Пробиштип; Кочани; Радовиш; Струмица - с. Банско; Прилеп; Битола - с. Скочивар; Демир Хисар -- с. Доленци, с. Железнец; Галичица - с. Пештани, с. Трпејца, с. Велгошти, Отешево; Јабланица - над с. Вевчани; Дебар - с. Баниште.)

Наводи

Категорија:Флора на Либан Категорија:Бобинки Категорија:Капина (род) Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија