Том и Џери: Изгубениот змеј () — анимирана фантастична комедија од 2014 г., објавена право на видео, во кој главни ликови се Том и Џери, а е во производство на Warner Bros. Animation. Филмот е во режија и производство на Спајк Брант и Тони Червоне, а премиерно бил прикажан на 27 јули 2014 г. на San Diego Comic-Con. Ова е првиот филм од серијалот „Том и Џери“ објавен право на видео што е распределен од Warner Bros. Home Entertainment во Јапонија. Првично бил објавен дигитално на 19 август 2014 г., проследено со издание на ДВД на 2 септември 2014 г.
Филмот бил прикажан и во Македонија, на преносната услуга HBO Max.
Содржина
Волшебникот Калдорф ја протерува моќната вештерка Дризелда од едно село поради нејзините многубројни злосторства. Калдорф ѝ дозволува на нејзината внука Атина, со која Дризелда се однесувала лошо, да остане во селото. Селаните се плашат дека Атина ќе стане како својата тетка бидејќи чува штетници (Џери) и има наклонетост кон мачки (Том). Мачорот и глушецот во оваа временска рамка се младенчиња и стануваат пријатели соперници, но се пријатели со Атина, која е само тинејџерка.
Филмот се префрла на времето кога Том и Џери се бркаат, како и обично, а Атина се грижи за повредените животни, сѐ додека тројцата не наидуваат на таинствено јајце што свети. Она што никој од нив не го знае е дека ова јајце е украдено од многу голем змеј што блуе оган. Набргу, од јајцето се испилува бебе змеј по име Пафи, кое верува дека Том му е мајка, а тројцата добро се грижат за него.
Меѓутоа, вистинската мајка на Пафи е лута што нејзиното бебе го нема и сака да го врати. Пред Том, Џери и Атина да можат да ја пронајдат, Дризелда се враќа и го заробува Пафи, со намера да го искористи за своите злобни планови — да ја украде неговата топлина за да стане суперзмеј и да уништи сѐ во селото. Со помош на моќни сојузници и животински пријатели, Том, Џери и Атина соработуваат и се борат да ја запрат злобната вештерка и да го вратат Пафи кај неговата мајка. На крајот, Дризелда е претворена во статуа, а селаните, Џери, Калдорф, па дури и Атина приредуваат весела прослава со песна, додека Том е бркан од крокодилот што е миленик на Атина.
Во сцената по одјавната шпица, се покажува дека Дризелда е сѐ уште жива, и покрај тоа што е претворена во статуа.
Озвучување
| Спајк Брант || Том и Џери (не е наведено во одјавната шпица) |- | Кели Стејблс || Атина (младата зелена вештерка) и Пафи (зеленото бебе змеј) |- |Џим Камингс |Калдорф и продавачот |- |Вики Луис |Дризелда
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски комедии Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Анимирани филмови на Варнер Брос