Aristolochia pallida е тревесто повеќегодишно туберозно растение кое потекнува од Европа.

Опис Расте до 50 см во висина, грутката е топчеста или цилиндрична, дебела до 2 см. Стеблото е вертикално, неразгрането голо. Листовите се јајцевидно бубреговидни, долги 2-7 см, во основата срцевидни и со круглести делови. Цветовите се поединечни, во пазувите на листовите, долги 3-6 см, зеленикави, жолтеникави, светлокафеави со кафеави или пурпурни линии.

Во Македонија Во Македонија расте по суви и каменливи места, обично на варовник.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 89, МАНУ, Скопје, 1985

Подвидови Прифатени се три подвида :

Aristolochia pallida subsp. pallida - јазичестиот дел често е потемен. Во Македонија се наведува за неколку локалитети, и тоа: долината на Црна Рела, планината Бабуна, по долината на Вардар и Дојранско. Aristolochia pallida subsp. macedonica - јазичестиот дел е пирпурно кафеав. Доста често растение во Македонија, го има по сливот на реката Вардар, како и во клисурата на Треска.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија