Бересатли или Берсатли (, Каваларис; до 1927 г. Μπρεσατλή, Бресатли) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Турци.
Географија и местоположба Селото се наоѓало во западните падини на Урвил, источно од градот Драма, околу 2 км североисточно од Берчишта.
Историја Во XIX век Бересатли било мало турско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото не се споменува во постарите статистики.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени неколку бегалски семејства со вкупно 19 бегалци, колку што броело селото во 1928 г. Во 1927 г. селото е преименувано во Каваларис (Καβαλάρης).
По крајот на Втората светска војна, мештаните се преселиле во соседното село Берчишта, поради што Бересатли било избришано од евиденција. Меѓутоа, селото било обновено во 1980-тите, така што во пописот од 1991 г. е повторно евидентирано со 8 жители.
Население
Наводи
Категорија:Историски села во Бук