Караџичка каменоломка () — многугодишно тревесто растение од семејството на каменоломките (Saxifragaceae)J. Bürgel, 1995 In: Cas. Nár. Muz. Rada Prir, 164(1-4): 107, ендемски вид во Македонија.
Опис Ова е мало растение со многубројни мали, густи и многу збиени розети кои образуваат големи компактни перничести образби. Цветните стебленца куси, 2-3 см високи, со спирално распоредени листови и со густи жлездести влакна по површината. Ливчињата на розетата многу мали, 2-2,5 (3) мм долги, 1 мм широки, обратно-јајцевидно-долгнавести, кон основата постепено стеснети, на врвот заокруглени, тапи и одеднаш заострени во шилесто врвче, по работ околу со нежни долги влакна, а само на врвот со тесен хиалински раб, без влакна и само со една хидатода; стеблените листови обратно-јајцевидно-копјесто-линејни, на горната страна голи, на долната жлездесто-влакнести, на врвот голи и заострени. Цветовите 4-5, групирани во соцветие слично на штит. Чашката по целата површина со жлездести влакна; чашкините ливчиња елиптично-копјести, 2 мм долги, на врвот заокруглени. Венечните ливчиња бели или бледорозови, круглесто-јајецевидни, кон основата стеснети во долг клинест дел, 5-6 мм долги. Прашниците долги колку чашкините ливчиња или малку подолги; нишките бели или розови; антерите жолти.
Живеалиште Караџичката каменоломка расте по пукнатините на карпите.
Позната е единствено за планината Јакупица — кај Салаковските Езера и Караџица.
Наводи
Категорија:Каменоломки Категорија:Ендемска флора на Македонија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Караџица