Роберт Петров ( или во , ) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на позиција одбрана. Петров бил македонски репрезентативец и остварил 31 натпревар. На клупско ниво, последен пат играл за бугарска Германеја.
Клупска кариера Роберт Петров ја започнал својата кариера во клубот ФК Овче Поле. Во 1999 година, тој потпишал договор со ФК Победа, со која го освои Куп на Македонија 2001/02. Во јуни 2002 година потпишал за бугарскиот клуб Локомотив од Пловдив, кој бил бугарски првак во 2004 година. Во 2006 година Петров преминал во ЦСКА од Софија за сума од 150 000 €. Во текот на сезоната 2006/07, тој заработил 28 настапи играјќи во бугарската Прва професионална фудбалска лига, постигнал еден гол и го освоил Суперкупот на Бугарија. Во следната сезона Петров не играл фудбал поради повреда.
Откако поминал шест години од својата кариера во Бугарија, Роберт Петров се преселил во Грција во јуни 2008 година, потпишувајќи договор со Пансераикос. По само шест месеци во грчкиот клуб, тој се вратил во Бугарија и на 19 февруари потпишал со Славија од Софија.
Клупска статистика (нецелосна)
Клупски настап Лига Куп Европа Вкупно Сезона Клуб Лига Наст. Гол. Наст. Гол. Наст. Гол. Наст. Гол. Азербејџан Лига Куп на Азербејџан Европа Вкупно2010/11АЗАЛПремиер лига на Азербејџан31140—3512011/122403020290 Вкупно Азербејџан5517020641 Севкупно5517020641
Меѓународна кариера Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во февруари 2000 година, на пријателски натпревар против СР Југославија и има стекнато вкупно 31 натпревар, притоа не постигнувајќи голови.Appearances for Macedonia National Team – RSSSF Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за Европското првенство 2012 против Словачка.
Титули Победа Куп на Македонија: 2001/02 Локомотив Прва професионална фудбалска лига: 2004 ЦСКА Суперкупот на Бугарија: 2006
Наводи
Надворешни врски Профил на MacedonianFootball.com Профил на National-Football-Teams Роберт Попов на Transfermarkt.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Свети Николе Категорија:Фудбалски бекови Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ПФК Локомотив (Пловдив) Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Пансераикос Категорија:Фудбалери на ПФК Славија (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Шувалан Категорија:Фудбалери на ОФК Спартак (Плевен) Категорија:Фудбалери на ОФК Бдин Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во бугарската Прва професионална фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Суперлигата на Грција Категорија:Фудбалери во Премиер лигата на Азербејџан Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Иселеници фудбалери во Бугарија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Бугарија Категорија:Иселеници фудбалери во Грција Категорија:Македонски иселеници спортисти во Грција Категорија:Иселеници фудбалери во Азербејџан Категорија:Македонски иселеници спортисти во Азербејџан Категорија:Македонски фудбалски тренери Категорија:Тренери на ОФК Спартак (Плевен) Категорија:Македонски иселеници фудбалски тренери Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Бугарија Категорија:Никулци за македонски фудбалери