Ranunculus pseudomontanus е цветно растение кое потекнува од Бугарија, Чехословачка, Полска, Романија, Украина и земјите на Југославија.

Во Македонија е ретко растение кое го има на високопланинските пасишта со силикатна подлога, на надморска височина од 1200-2250 метри. Познато е само за Осогово.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 126, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно растение, високо 7-15 см. Стеблото неразгрането и со прилегнати влакна. Ризомот обвиен со обвивка од ракавците на исушените листови. Листовите се голи, цветовите се жолти, широки до 20 мм, а чашкините ливчиња се прилегнати кон венчето и со нежни и ретки влакна.

Наводи

Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Полска Категорија:Флора на Украина Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија