Обична бука (науч. Fagus sylvatica) е големо листопадно дрво од фамилијата буки со мазна сребрено-сива кора, голема лисна површина и кратко стебло со ниски гранки. Потекнува од поголемиот дел од Европа, расте во влажни клими.

Во Македонија е широко распространет вид по сите наши планини на надморска височина од 800 до 2000 метри, и претставува важен елемент во шумите.

Видот се одгледува како украсно растение и е проширен надвор од својот оригинален опсег, вклучително и во Северна Америка. Развиени се бројни сорти, вклучувајќи ја и впечатливата бакарна бука, Fagus sylvatica purpurea. Иако се малку токсични поради танините и алкалоидите што ги содржат, јаткастите плодови ги консумираат и животните и луѓето. Дрвото се користи за обработка, како на пример за изработка на мебел.

Опис Fagus sylvatica е големо дрво, способно да достигне висина до 50 метри и 3 метри дијаметар на стеблото. Десетгодишно дрво е околу 4 метри високо. Оваа бука има животен век од 300 години, а едно дрво на локацијата Вале Червара било старо повеќе од 500 години, најстарото познато на северната хемисфера. Потребни се 30 години за да постигне целосна зрелост. Како и повеќето дрвја, неговата форма зависи од локацијата. Во шумските области, обичната бука расте над 30 метри,, со гранки високо на стеблото. На отворени локации, е пократка (обично до 20 метри), но помасивна со поширока круна и подебело стебло.

Наводи

Надворешни врски

Колекција букови дрвја – Фотографии од Луис К. Мајзел, Њујорк Слики, детали за локацијата и димензии на извонредни буки . . Fagus sylvatica () – мапа на распространетост, генетски конзервациски единици и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN).

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Украсни дрва Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Бука Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија