Црн габер (науч. Ostrya carpinifolia) е дрво од семејството брези,Betulaceae. Тоа е единствениот вид од родот црни габри, Ostrya, кој потекнува од Европа.

Опис Ostrya carpinifolia е широколисно листопадно дрво, кое може да достигне висина до 21 метар. Има конусна или неправилна круна и лушпеста, груба кора, како и наизменични и двозапци листови слични на бреза, долги 3–10 см. Листовите се со многу вени со 11-15 пара и имаат малку влакнеста или мазна долна страна.

Распространетост и живеалиште Ostrya carpinifolia расте во Либан, Италија, Франција, Австрија, Словенија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, Бугарија, јужна Швајцарија и Турција. Се одгледува во Англија уште пред 1724 година.

Во Македонија се сретнува на стаништата со поголемо количество на воздушна влага, по речните теснини и долови. Општо распространет вид, но пред сè во западниот дел на Македонија, до 1400 односно 1500 метри надморска височина.

Употреба Дрвото е многу тешко и тврдо, и историски се користело за изработка на рамни ѓонови. Други употреби вклучуваат производство на дрвени запчаници. Овие дрвја се храна за ларвите на некои видови пеперуги.

Наводи

Надворешни врски

Ostrya carpinifolia - информации, генетски конзервациски единици и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа