Coronilla scorpioides — едногодишен вид на растение од фамилијата бобови опишан од Карл Линеј. Видот се среќава во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.
Опис Coronilla scorpioides е едногодишно растение, 10–40 цм високо, голо, уште од основата или во долниот дел разгрането. Стебленцата се тенки, неразгранети или разгранети. Листовите се без дршки, со 1 или 3 ливчиња; ливчињата тенкомесести, сино-зеленикави, со тесен ципесто-кожест раб; терминалното ливче 4–5 пати поголемо од страничните, 10–40 мм долго, широко-елиптично или речиси кружесто, на врвот заокруглено; страничните ливчиња 4–5 мм долги, речиси кружести. Прилисниците се 1–2 мм долги, 2/3 сраснати меѓусебно, ципести, со слободни триаглести делови на врвот.
Соцветијата се со 2–4 цветови; дршката на соцветието двапати подолга од пазувниот лист. Цветовите се жолти, 4–8 мм долги; брактеите многу мали и ципести; цветните дршки двапати покуси од чашката. Чашката гола, ѕвонеста, околу 2 мм долга, со многу мали и речиси незабележливи широко-триаглести запци. Венчето е 5–6 мм долго; сите делови на венчето со еднаква должина; лаѓичката на врвот со кус клун.
Мешунките се 20–60 мм долги, срповидно искривени и свиткани надолу, цилиндрични, со 2–11 членчиња; членчињата со 6 тапи агли по површината, голи.
Распространетост во Македонија Coronilla scorpioides расте по брдски пасишта и варовнички камењари на надморска височина до 1600 метри. Растението е широко распространето на територијата на Македонија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Македонија Категорија:Бобови Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1837 година Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Ерменија