Moehringia pendula е тревесто цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Во Македонија расте по засенчени делови врз хумусна почва во букови шуми и покрај планински потоци, на околу 1000-1200 метри надморска височина. Познат вид е за Кожуф и Беласица.
Опис Ова е многугодишно тревесто растение, високо 15-40 см, силно разгрането, распослано на површината на почвата или виси надолу, со многу тенки речиси кончести гранчиња. Листовите се 10-40 мм долги, 1-3 мм широки, на врвот зашилени со три жили, голи или со ретки влакна на долната страна на ламината. Цветните гранчиња се со куси кукасто свиени надолу влакненца. Цветовите се петочлени, чашкините ливчиња се јајцевидно ланцетни, зашилени, венечните ливчиња се пет, и бели по боја.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија