Moehringia muscosa е тревесто цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.

Во Македонија расте по влажни почви богати со хумус, влажни карпи и засенчени места. Видот е познат само за планината Јакупица.

Опис Ова е многугодишно тревесто растение, голо, од основата силно разгрането, со полегнати и вертикални гранчиња. Листовите се тесни, линејни, речиси кончести, долги 1-3 см, на врвот зашилени. Цветовите се четиричлени, по 3-6 на врвовите на гранчињата групирано во цимозно соцветие. Венечните ливчиња се бели, целокрајни, 1,5 пати подолги од чашката.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија