мини| Површината и рабовите на листот од Alchemilla glaucescens со долги меки влакна мини| Стебло од лист од Alchemilla glaucescens со долги меки влакна Alchemilla glaucescens е вид на растение кое припаѓа на семејството рози.

Домородно е на Европа.

Опис Повеќегодишно растение. Стеблото 5-25 цм високо, прилегнато до издигнато, ретко исправено, по целата должина покриено со расперени или косо нагоре насочени влакна. Приосновнитите листови скоро круглести, 2,5-5 цм во пречник, со тесно растојание помеѓу долните делови на листовите или тие се допираат еден до друг, 7-9-делни, од двете страни густо прилегнато влакнести, а кај младите листови долната страна сребренесто-влакнеста. Листовите насечени до 1/3; деловите на листот скоро круглести или полуелиптични, од основата грубо назабени, по 4-6 запчиња од секоја страна, еднакви по облик и големина, тапи и доста широки, а врвното запче еднакво со страничните. Дршките на приосновните листови 2-7 цм долги, влакнести како и стеблото, со светлокафеави прилисници. Стеблените листови со многу куси дршки и назабени прилисници. Соцветијата тесни, цветовите во густи топчести снопчиња а цветните дршки покуси од цветовите, по целата должина густо влакнести. Цветовите 3-4 мм во пречник, жолто-зелени. Хипантиумите прилегнато влакнести, ѕвонести. Чашкините ливчиња куси, широки, тапи, однадвор влакнести, малку покуси од хипантиумот. Ливчињата на епикаликсот многу покуси и потесни од чашкините ливчиња. Зрелите плодчиња покуси од хипантиумите.

Распространетост во Македонија Alchemilla glaucescens расте на тревести и каменливи места на планинските ливади и пасишта до 1.950 м надморска височина.

Позната за Голак, Китка и Руен, а се посочува и за Даутица, Голешница и Пепељак, Љуботен, Пелистер, Јабланица и Рудока.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија