Керим Алајбеговиќ (роден на 21 септември 2007 во Келн) — босанскохерцеговски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на босанскохерцеговската репрезентација.
Биографија Неговиот татко Семин и неговиот братучед Кенан Врбан и двајцата биле професионални фудбалери.
Технички карактеристики Лево крило, амбидекстер, Алајбеговиќ е технички поткован фудбалер, со одличен дриблинг (потег што често го применува) и способност да им асистира на своите соиграчи, благодарение на неговата визија за играта. Има многу прецизен и солидно моќен удар, како надвор од шеснаесетникот, така и во неговата внатрешност.
Клупска кариера Почетоци и Бајер Леверкузен Алајбеговиќ почнал да игра фудбал во клубот од неговиот роден град 1. ФК Келн, пред да се приклучи на младинската академија на Бајер Леверкузен во 2021 година. Во јануари 2025 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со клубот, но и покрај тоа не направил ниту еден настап како за првиот така и за резервниот тим на Бајер Леверкузен.
Салцбург и враќање во Бајер Леверкузен Во јули 2025 година, Алајбеговиќ бил продаден на австрискиот клуб Ред Бул Салцбург за необјавена сума. Својот професионален деби настап го имал во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против Бран на 23 јули, на возраст од само 17 години. На 26 јули го постигнал својот прв гол во дресот на Салцбург во натпреварот од Купот на Австрија против нисколигашот Унион Дитах. На 2 август, дебитирал во првенството во натпреварот против Рид, а седум дена подоцна, го постигнал својот прв првенствен гол во победата над ГАК. На 14 декември 2025, Алајбеговиќ ги постигнал двата гола за Салцбург во победата со 2-1 на домашен терен над Волсбергер. Истиот подвиг го повторил на 22 јануари 2026 година, во победата со 3-1 на домашен терен над Базел во групната фаза на Лига Европа. Одличната дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 44 настапи и 13 гола во сите натпреварувања.
По завршувањето на сезоната, тој се вратил во Бајер Леверкузен, откако германскиот клуб ја искористил својата опција за откуп за враќање на играчот во текот на сезоната. Сепак, и покрај ова Алајбеговиќ немал време да го направи своето деби за „фармацевтите“, бидејќи бил продаден во истиот преоден рок откако привлекол интерес од бројни клубови.
Јувентус На 2 август 2026, Алајбеговиќ му се приклучил на во транасфер вреден околу 30 милион евра плус 5 милиони во бонуси, потпишувајќи договор до 2031 година. Дебитирал за „бјанконерите“, а во исто време и во Серија А, на 29 август, заменувајќи го Жереми Бога во победата со 2-0 над Парма во Торино.
Репрезентативна кариера Алајбеговиќ настапувал за младинските репрезентации на Босна и Херцеговина под 15, под 17, под 19 и под 21 година во периодот од 2022 до 2025 година.
На 18 август 2025 година, го добил првиот повик во сениорската репрезентација, за која дебитирал на 6 септември истата година, на возраст од 17 години, во победата со 0-6 против во Серавале во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026; во истиот натпревар, тој го постигнал петтиот гол за Босна и Херцеговина, негов прв во дресот со националниот грб. По завршувањето на квалификациите, го освоила второто место во групата и се пласира во плеј-офот, каде што Босанците во полуфиналето се сретнале со . Алајбеговиќ влегол во игра во 62-рата минута и тоа се покажало како клучен момент за пласманот во следната рунда, бидејќи тој најпрво му асистирал на Един Џеко за конечните 1-1, а потоа го постигнал решавачкиот удар од белата точка во пенал-серијата, со што ја одвел својата земја во финалето. Во финалето, против , тој уште еднаш влегол како замена во второто полувреме и одиграл добро, пред повторно да го реализира својот пенал во уште една победа на пенали која ги квалификувала „Змејовите“ за Светското првенство 2026.
Откако дал значаен придонес во квалификациите, очекувано Алајбегвиќ се нашол на списокот од 26 фудбалери повикани од селекторот Сергеј Барбарез за Светското првенство 2026. Своето деби го направил на 12 јуни, во првиот натпревар од групата против еден од домаќините , заменувајќи го Амар Мемиќ во 74-тата минута. На 24 јуни, тој го постигнал својот прв гол на првенството во победата над Катар со 3-1.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 29 август 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2025-2026 БЛ 28 9 КА 5 2 ЛШ+ЛЕ 4Во квалификациските кола.+7 0+2 - - - 44 13 2026-2027 А 1 0 КИ - - ЛЕ - - - - - 1 0Вкупно во кариерата 29 9 5 2 11 2 - - 45 13
Наводи
Надворешни врски
Керим Алајбеговиќ на soccerway Керим Алајбеговиќ на transfermakt Керим Алајбеговиќ на espn Керим Алајбеговиќ на whoscored
Категорија:Босански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2007 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026