мини| Мало дете седи на нокширче. мини| Античко грчко нокширче. Нокшир или почесто во деминутив нокширче — специјален сад или ниско детско столче со отвор, наменето за мали деца за вршење на нивните физиолошки потреби (мала и голема нужда). Поимот „нокшир“ историски означува и ноќен сад за вршење нужда што го користеле возрасните пред масовното воведување на тоалетите со казанчиња. Постојат различни изведби на вакви помагала. Најчесто тоа е едноставен пластичен сад, но може да биде изработено и во облик на мало столче со внатрешен сад што се вади. Постои и специфичен вид што се поставува како адаптер непосредно над тоалетната шолја и служи за навикнување на децата на класичен тоалет. Овој систем овозможува фекалниот материјал да падне директно во шолјата, со што се елиминира потребата од рачно отстранување и чистење на садот. Нокширчињата стандардно се користат во времето на преод и одвикнување на децата од вршење нужда в пелени.

Употребата на нокширчиња и пристапот кон одвикнувањето од пелени значително варираат во различните култури низ светот.

Нокширчињата се користеле за создавање хигиенски навики кај малите деца уште од времето на Стара Грција, поточно од шестиот век пред новата ера. Глинено нокширче од тоа раздобје е откриено при ископувањата во Атинската агора, а прикази на нокшири можат да се сретнат и во иконографијата на црвенофигурната грнчарија.

Наводи

Категорија:Нужници Категорија:Германизми