Брезје кај Гросупље () — населба во Општина Гросупље која е дел од месната заедница Гросупље. Тоа е трета населба по големина во општината и има повеќе од 1.000 жители.

Тоа е населба од збиен тип во западниот дел од Долењско Подоље, сместена во североисточното подножје на ниската изолирана планина Јежа (391 м надморска височина), во средината на Гросупљенската Котлина. Оддалечена е еден километар од средиштето на Гросупље. На север и исток се простираат влажни ливади покрај регулираниот поток Бичје, додека на повисокиот и песочен предел во подножјето на Јежа се наоѓаат ниви.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Страници со лошо заокружени бројки Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Општина Гросупље Категорија:Населени места во Словенија