Moenchia graeca — вид од семејството каранфили, Caryophyllaceae.

Опис Ова е едногодишно ниско растение. Стеблото е вертикално, високо 10-12 см, неразгрането или во основата разгрането, голо, сивкасто зелено. Цветните дршки се здебелени под самите цветови, кои се групирани во непотполни дихазиуми. Чашкини ливчиња има 5, венечни ливчиња исто се 5, бели, тесно обратнојајцевидни. Прашниците се 10, а плодникот со 5 столпчиња.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 273

Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта на силикатна подлога до 850 метри надморска височина. Видот е познат за Маркови Кули, Кочани, Радовиш, Делчево, Македонска Каменица, Луковица и село Тодоровци.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа