Шибјестиот врболист (науч. Lythrum virgatum) — повеќегодишен тревест вид на голо растение од фамилијата врболистови опишан од Карл Линеј. Растението се среќава во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму. Доведен вид е во Франција, Германија и САД. Во некои предели се смета за инвазивен вид. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.
Опис Шибјестиот врболист е повеќегодишно тревесто растение, голо, 100-200 см високо, во горниот дел е силно разгрането. Стеблото е вертикално, круглесто-четири-аглесто. Листовите се наспрамни, линејни до линејно-копјести, на врвот се заострени, кон основата стеснети, приседнати. Цветовите се триморфни, обично по 3-6 во пазувите на листовите, поретко во еден, групирани во ретки и долги терминални сложени класови; цветовите со 2 мали линејни брактеоли покуси од дршката на цветот; дршката на цветовите е долга од 2 до 4 мм. Хипантиумот е цилиндричен, 5-6 мм долг, околу 1 мм широк, гол, со испакнати надолжни ребра. Сегментите се на епикаликсот 0,5-1 мм долги, линејно-ланцетни, обично долги колку чашкините ливчиња. Чашкините ливчиња се широко-триаглести, на врвот со лачно искривен цилин- дричен продолжеток. Венчето е црвено-пурпурно; ливчињата на венчето 6, копјести до елиптични, 6-9 мм долги, на врвот тапи, кон основата стеснети. Има 12 прашници, од кои 6 се покуси и 6 се подолги. Плодот е цилиндрична кутијка, околу 4 мм долга и 1 мм широка.
Распространетост во Македонија Шибјестиот врболист расте по влажни места покрај езера, блата, влажни ливади, одводни канали и големи бари. Се среќава во Скопје во селата Петровец, Идризово и Долно Лисиче, во Крушево во Опаченик, во селото Новаци во Битола, Моноспитовското Блато и селото Банско во Струмица, во селото Стојаково во Богданци и Гевгелија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Врболист Категорија:Флора на Монголија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Киргистан Категорија:Флора на Казахстан Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Белорусија Категорија:Флора на Унгарија Категорија:Флора на Австрија Категорија:Градинарски растенија