Chrysosplenium alternifolium е вид цветно растение од фамилијата каменоломки. Тоа е повеќегодишно растение кое формира матица на влажни места и расте помеѓу 5-15 цм високо. Цвета од март па натаму.
Опис Повеќегодишно тревесто растение, со надземни или подземни тенки столони од кои се развиваат многубројни вертикални нежни стебленца до 20 цм високи, триаглести и во основата со влакна. Базалните листови скоро округлести, по работ крупно назабени, со широки тапи запци, во основата срцевидни или бубреговидни, со ретки влакна од обете страни или голи. Лисните дршки подолги од ламините, голи или со ретки влакна. Стеблените листови 1-3, скоро еднакви со базалните листови, но со покуси лисни дршки. Прицветните листови бубреговидни, жолти, со многу куси дршки. Цветовите со многу куси дршки, групирани во соцветие слично на штит. Плодникот потцветен. Чашкините ливчиња 4, жолтеникави, тапи, 1,5-2 мм долги. Прашниците 8. Столпчињата 2. Кутијката тенка, распукнува на два дела. Семките мазни, светликави, црвено кафеави.
Распространетост и живеалиште Chrysosplenium alternifolium е распространет низ поголемиот дел од постудените и повлажните делови на Европа. Нејзиното природно живеалиште се крајбрежјата на потоци, бреговите на мочуриштата, шумските истечни води, крајбрежните ливади и други влажни места. Цвета многу рано во годината, додека шумите се релативно незасенчени и пред да се појават лисја на дрвјата. Капките дожд предизвикуваат соборување на семето кое се распрснува со водата.
Распространетост во Македонија Chrysosplenium alternifolium на територијата на Македонија е широко распространето на сите планини по влажни и засенчени места, тресетишта и покрај планинските потоци.
Статус Ова растение е во опаѓање низ голем дел од својот опсег поради намалувањето на соодветното живеалиште во мочуриштата. Во Франција, е заштитено во одредени региони.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Финска Категорија:Флора на Македонија