мини|Село на народот Буји во западната провинција Гуиџоу thumb|left|Жена од народот Буји Буји (, ) — народ во Источна и Југоисточна Азија. Најмногу се населени во Кина, на југот од провинцијата Гуиџоу (автономен округ Чјианшјинан Бујеи Миао) и со мали групи во соседните реони на провинциите Јунан, Гуангшји, како и на северот од Виетнам (провинциите Лаокаи, Ха Занг и Лаи Чау). Спаѓаат во 56-те официјално признати народи во Кина и 54-те официјално признати народи во Виетнам. Според пописот од 2000 г., бројот на жители на територијата на НР Кина изнесува 2.971.460. Во Виетнам бројат 3.232 лица (2019).

Според јазикот и културата се блиски до северните Џуанци. Јазикот буји припаѓа на тајската група од тај-кадајските јазици. Според религијата, дел од народот Буји се анимисти, а дел практикуваат конфуцијанство и таоизам. Главно занимање им е земјоделство (претежно оризопроизводство). Мал дел од Бујите исповедаат католицизам и протестантизам. Предците на Бујите се издвоиле на прагот на нашата ера од групата древни тајски племиња „ло-јуе“, кои живееле во реоните соседни на Гуиџоу во Гуангшји, а потоа се преселиле на север во местата каде што денес живеат. Некои сметаат и дека Бујите потекнуваат од државата Јелан од времето на династијата Западен Хан.

Бујите главно живеат во речните долини. Ископувањата спроведени во реонот на водопадот Хуангуошу покажале дека Буите уште од античко време знаеле да одгледуваат ориз.

Култура Многу припадници на народот Буји се земјоделци што најчесто одгледуваат култури за сопствена потрошувачка или продажба, како што се ориз, просо, пченица, компир, пченка, какао, чај, свила и многу други видови земјоделски култури. Бујите имаат одиграно и значајна улога како посреднички трговци во регионот. Поради промените во економијата, тие се занимаваат и со мали и со големи трговски или деловни операции.

Традиционалните ракотворби и батици на Бујите се познати ширум регионот. Тие прославуваат многу празници, како родени така и оние преземени од ханската култура. Еден од нивните домашни празници е Денот на кралот на воловите (кин. 牛王节) што се слави на 8 април, годишна прослава посветена на почест на воловите и нивниот придонес кон земјоделските дејности. 6 јуни е важен традиционален празник на Бујите посветен на почитувањето на предците. За оваа традиција постои приказна: според нивната митологија, откако Пангу станал стручњак во одгледувањето ориз по создавањето на светот, се оженил со ќерката на Кралот на Змејовите, а нивната заедница го дала почетокот на народот Буји.

Наводи

Надворешни врски

The Bouyei ethnic minority (владина почетна страница, на англиски јазик)

Bouyei language page

Map share of ethnic by county of China

Категорија:Народи во Кина