Џиновски плускавец (науч. Silene gigantea) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Двегодишно растение високо до 100 см. Стеблото обично е поединечно, вертикално, во долниот дел со густи многу ситни влакненца свртени надолу, а во горниот дел голо. Базалните листови ланцетно лопатовидни. Соцветието е прилично разгрането, а најдолните цветни гранчиња се најдолги. Чашката е трубесто ѕвонеста, 8 мм долга, ципеста, белузлава, зеленикава или црвеникава. Венечните ливчиња се бели, розови или зеленикави. Плодната кутијка е јајцевидна.
Подвидови Прифатени се следниве подвидови:
S. g. gigantea S. g. hellenica S. g. rhodopea
Во Македонија Во Македонија расте по суви места, брдски пасишта, камењари и ретки дабови шуми, од низините до 1000 метри надморска височина.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија