Polycnemum е род на цветни растенија од семејството Amaranthaceae, по потекло од централна, источна и јужна Европа, Мароко, Алжир, Турција и Централна Азија. Бидејќи е базален во својот клад, предложено е да биде посебно семејство, Polycnemaceae.

Опис Едногодишни растенија разгранети од основата, со полегнати или исправени гранчиња, голи, рапави или влакнести. Листовите последователни, во најдолниот дел на растението наспрамни, линејно-шиловидни, скоро триаголни, приседнати. Цветовите хермафродитни, поединечни во пазувите на листовидните брактеи и со 2 кожести и зашилени брактеоли. Перијантните ливчиња 5, скоро слободни, мембранести и со една жила, скоро еднакви помеѓу себе. Прашниците обично 2-3. Столпчето кусо и со 2 жига. Плодот вертикален, мазен или брадавичест, обвиен од перијантот.

Polycnemum majus - Долните листови 10-20 mm долги. Брактеолите до двапати подолги од перијантот на цветот. Семките 1,5-2 мм. Polycnemum arvense - Долните листови 3-10 (12) mm долги. Брактеолите долги колку ливчињата на перијантот или малку подолги. Семките 1-1,5 мм.

Видови Моментално прифатените видови вклучуваат:

Polycnemum arvense L. Polycnemum fontanesii Durieu & Moq. Polycnemum heuffelii Láng Polycnemum majus A.Braun ex Bogenh. Polycnemum perenne Litv. Polycnemum verrucosum Láng

Наводи

Категорија:Штирови Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија