Мумија: Филм на Ли Кронин () — американско-ирски натприроден филм на ужасите од 2026 г., во режија и по сценарио на Ли Кронин. Претставува преработка на франшизата Мумија заснована околу Насмаранијан, древен египетски демон што обземува жртви со теми на егзорцизам, а во главните улоги настапуваат Џек Рејнор, Лаја Коста, Меј Каламави и Вероника Фалкон. Филмот ја следи приказната за едно семејство што повторно се обединува со својата долго исчезната и делумно мумифицирана ќерка, за полека да сфати дека таа е обземена. Џејмс Ван и Џејсон Блам го продуцирале филмот преку нивните продуцентски куќи Atomic Monster и Blumhouse Productions, заедно со Wicked/Good. Филмот е сопроизводство меѓу Ирска и Соединетите Држави.

Премиерата на Мумија: Филм на Ли Кронин се одржала во Американски легионерски пост 43 во Лос Анџелес на 9 април 2026 г., а филмот бил пуштен во киноприкажување на 17 април од страна на Warner Bros. Pictures во САД. Во Македонија бил пуштен на 16 април истата година. Филмот добил мешани одзиви од критичарите и заработил 90,6 милиони долари ширум светот наспроти буџетот за производство од 22 милиони долари.

Содржина Во Каиро, телевизискиот новинар Чарли Кенон и неговата бремена сопруга Лариса Кенон ја губат својата малолетна ќерка Кејти Кенон кога таа е одвлечкана за време на ненадејна песочна бура од таинствена месна жена. Осум години подоцна, скршеното семејство живее во Албакерки со својот тинејџерски син Себастијан Кенон. Нивниот свет повторно се распаѓа кога Кејти е пронајдена жива внатре во запечатен саркофаг по падот на египетски авион. Семејството ја носи вкочанетата и завиткана во завои девојка дома за да закрепне. Меѓутоа, Кејти покажува насилно и неприродно поведение, отфрлајќи слоеви кожа на кои се врежани древни баења. Додека детективката Далија Заки открива повеќепоколениски обред назад во Египет, злобната сила во Кејти брзо се ширува низ домот.

Улоги

|Џек Рејнор |Чарли Кенон |- |Лаја Коста |Лариса Кенон |- |Вероника Фалкон |Кармен Сантјаго |- |Меј Каламави |Далија Заки |- |Натали Грејс |Кејти Кенон |- |Шајло Молина |Себастијан Кенон |- |Били Рој |Мод Кенон |- |Меј Елгети |Лејла Халил |- |Лили Саливан |г-ѓа Милс |- |Хајат Камиле |волшебничката |- |Марк Мичинсон |професорот Бикслер

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Ирски филмови Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови снимени во Шпанија Категорија:Филмови снимени во Ирска Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Филмови за мумии Категорија:Филмови за вештерки Категорија:Американски филмови за чудовишта Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Ново Мексико