Матеј Гаштаров (роден на 15 ноември 2006, во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Црвена ѕвезда и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Роден во Скопје, Гаштаров ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на . Во 2024 година, тој се преселил во соседната Србија, каде прво шест месеци играл за Минералац Врањска Бања, а во летото истата година дошол на проби во , приклучувајќи му се официјално на клубот во август 2024.

На 15 август 2025 година, Гаштаров го направил своето деби за првиот тим на Црвена ѕвезда во гостинската победа со 1-4 над Младост Лучани во Суперлигата на Србија, влегувајќи како замена во 88-мата минута на местото на Владимир Лучиќ. Сепак, тоа останал неговиот единствен настап за првиот тим во текот на сезоната 2025-2026.

На 16 јануари 2026 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната на Борац Чачак во втората лига на Србија каде одиграл 14 натпревари.

По позитивната полусезона во Борац, во летото 2026 година се вратил во Црвена ѕвезда, продолжувајќи го договорот со клубот до 2029 година. И покрај тоа што останал во тимот, Гаштаров не добивал шанса за игра кај тренерот Дејан Станковиќ. Сепак, по тренерската смена кога Станковиќ заминал и бил заменет од Алберт Риера, новиот тренер веднаш му укажал шанса да игра од првата минута во првенствената победа со 4-0 над Чукарички. Во неговото прво вечно дерби против Партизан, тој изнудил пенал по прекршот на Вукашин Ѓурѓевиќ над него, во победата на Црвена ѕвезда на „Маракана“ со 2-1.

Репрезентативна кариера Во 2024 година, Гаштаров играл за младинските селекции на Македонија, под 18 и под 19 години.

Во мај 2025 година, бил повикан од селекторот на репрезентацијата под 21 година, Горан Станиќ, за двата пријателски натпревари против . Дебитирал на 28 мај, во првиот натпревар против косоварите одигран во Приштина, а три дена подоцна го одиграл целиот натпревар против истиот противник овојпат во Скопје. Двата натпревари завршиле со идентичен резултат 0-0.

На 3 септември 2026 година, го добил првиот повик во сениорската репрезентација на Македонија од селекторот Гоце Седлоски, за натпреварите против и во Лигата на нации. Дебитирал на 26 септември 2026, во натпреварот против Швајцарија во Скопје, загубен со 0-3.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2025-јан. 2026 Црвена ѕвезда СЛ 1 0 КС 0 0 ЛШ+ЛЕ 0+0 0 - - - 1 0 јан. - јун. 2026 Борац Чачак 1Л 7+77 настапи во лигата за опстанок. 0 - - - - - - - - - 14 0 2026-2027 Црвена ѕвезда СЛ 8 0 КС 0 0 ЛШ+ЛЕ 0+0 0 - - - 3 0Вкупно Црвена ѕвезда 4 0 0 0 - - - - 4 0Вкупно во кариерата 18 0 0 0 0 0 - - 18 0

Наводи

Надворешни врски

Матеј Гаштаров на soccerway Матеј Гаштаров на transfermarkt Матеј Гаштаров на espn Матеј Гаштаров на whoscored

Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2006 година