Atriplex rosea е вид лобода која потекнува од Евроазија, но е широко распространета на други места како воведен вид.
Опис Едногодишно растение, високо до 100 цм. Стеблото вертикално, разгрането, цилиндрично, мазно или аглесто, белузлаво, со брашнест налеп. Листовите последователни, јајцевидно-ромбични или триаглесто-ромбични, со дршка покуса од ламината, или приседнати, неправил- но назабени. Од горната страна зелени а од долната со сребренест брашнест налеп. Најгорните со помали димензии, издолжено-елиптични, неправилно назабени. Цветовите еднополни и дводомни, собрани во терминални или пазувни класовидни соцветија, кои се испрекинати. Соцветијата до врвот со листови. Женските цветови без перијант, со 2 широко-ромбични или јајцевидно-триаглести, до 12 мм долги брактеоли, кои за време на образувањето на плодот до половината сраснуваат помеѓу себе, во основата клиновидно стеснети, по рабовите неправилно назабени, мазни или препокриени со брадавичести израстоци. Семките се сјајни, кафеаво-црни до црни.
Распространетост во Македонија Atriplex rosea расте покрај ѓубришта, на места со отпадоци, патишта и по засолени почви. Познато за Штип, Велес, Нов Дојран, а се посочува за Скопје и Црна Река - Витрена, Крива Паланка.
Наводи
Надворешни врски
Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Флора на Северна Америка
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Лобода Категорија:Флора на Македонија