Sine nomine (скратено s.n.) — латински израз што значи „без име“. Најчесто се користи во библиографските списоци и библиотечните каталози за да се означи дека издавачот, печатницата или дистрибутерот на наведеното дело е непознат, односно не е отпечатен или наведен на самото дело. Овој израз често се користи во комбинација со изразот sine loco (s.l.), „без место“, што се користи кога местото на објавување на делото е непознато или неодредено. Иако sine nomine понекогаш може да се употреби за означување на непознато авторство, во библиографијата за таа намена почесто се користи одредницата анонимен (скратено anon.).

Современа практика Фразата и нејзината кратенка се сметаат за застарени во англофонската каталогизација со усвојувањето на меѓународниот стандард Опис и пристап на ресурси (RDA — Resource Description and Access) во 2010 година. Наместо латинските кратенки, овој стандард пропишува користење на нескратени англиски фрази во коцкасти загради, како што се publisher not identified („издавачот не е идентификуван“) или distributor not identified („дистрибутерот не е идентификуван“).

На сличен начин, изразот sine loco според стандардот RDA е заменет со фразата place of publication not identified („местото на објавување не е идентификувано“). Како алтернатива во некои постари или специфични стилови на цитирање, кратенката n.p. или N.p. (од no publisher) понекогаш сè уште може да се користи за означување дека делото е „без издавач“..

Наводи

Категорија:Библиотечна каталогизација и класификација Категорија:Латински изрази