Црквата „Свети Спас“ (или Свето Вознесение Христово) — македонска православна црква во селото Ногаевци, јужно од Велес во рамките на Општина Градско. Црквата е изградена во периодот меѓу 1800 и 1820 годинаhttp://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=381&Itemid=55, со сличен карактеристичен изглед за повеќе цркви изградени во овој период во повеќе блиски околни велешки села. Сместена е на височинка во средишниот дел на селото Ногаевци. Црквата била изградена со камења кои биле земени од остатоците од стар камен мост на ракли, кои се наоѓал во месноста Ракла под селото веднаш крај ВардарРадовановиќ, С. Воислав. Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања. (1914) [Превод: Јасминка Јанева] Култура, Скопје, 2011. стр.478. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Наводи

Надворешни врски

Ногаевци