мини|313x313пкс|Нацрт-карта на Шир ШирВаријанти на превод: „Хобитанија“ и „Крај“. () — измислена земја создадена од Џ. Р. Р. Толкин, опишана во романот „Хобит“ и романот „Господарот на прстените“, како и во други книги посветени на светот на Средната Земја. Населен е исклучиво со хобити и се наоѓа во северозападниот дел на Средната Земја. Називот на Шир на изворниот вестрон е СузаТолкин Џ. Р. Р. „Господарот на прстените“. — Додаток F. или Сузат (латиница: Sûza, Sûzat) — во првиот случај тоа е едноставно некаква „област“ (), додека во вториот е сопствено име, аналогно на англ. The Shire, а на синдарински е и-Дран (синдарин: i Drann).
Географија Според Толкин, должината на Шир од Далечните Ридови на запад до Брендиваинскиот Мост на исток изнесува 40 лиги (120 милји, односно 193 км), а од северните мочуришта до јужните — 50 лиги (150 милји, односно 241 км).Толкин Џ. Р. Р. Господарот на прстените. — Пролог.Толкин сметал по три милји во лига. Ова го потврдува и есејот напишан од Толкин за правилата на преведување на „Господарот на прстените“, каде што ја опишува вкупната површина на Шир како приближно еднаква на 18.000 милји² (47.000 км²).Прирачник за преведување…, статија Farthing.
Првичната територија на Шир била ограничена од исток со реката Барандуин, од север — со висорамнините сместени во древниот центар на Арнор, од запад — со Белите Ридови, а од југ — со мочуриштата јужно од реката Ширборн. По првичното населување, хобитите ги прошириле границите на своите владеења на исток кон Бакленд, сместен помеѓу Барандуин и Старата Шума, и (многу подоцна) на запад кон Западна Марка помеѓу Белите Ридови и Кулите Ридови.Толкин Џ. Р. Р. Господарот на прстените. — Пролог.
Шир бил првично поделен на четири области (). Бакленд и Западна Марка, кои излегувале над природните граници на Шир, формално биле припоени кон него дури по Војната за прстенот. Внатре во областите се наоѓале многу помали неофицијални кланови земјишни поседи: на пример, речиси сите Туковци жиевеле блиску до Тукборо во Тукленд. Презимињата на хобитите често го одразувале географското потекло на нивните семејства: презимето на Семвајз Гемџи, на пример, потекнува од селото Гемџ (), од каде што потекнувало неговото семејство. Бакленд (англ. Buckland) е наречен во чест на Старобаковци (), подоцна наречени Брендибаковци () заради хобитското име на реката на чиј брег се населиле.
Шир е опишан како мала, но убава и плодна земја, многу сакана од нејзините жители. Хобитите во Шир активно се занимавале со земјоделство, но индустрија како таква немало. Пределот, покрај полињата, вклучувал и мали шумички (што многу потсетува на англиските селски предели). Од земјоделските производи што се произведувале во Шир вреди да се забележат житарките, овошјето, дрвото и тутунот за луле.
Настанување на идејата На картите на Толкин, Шир е сместен приближно на истото место каде што е и Англија на современите карти на Европа, и претставува пример за идеологијата на „безгрижната Англија“. Низ целото раскажување Толкин распределил голем број допирни точки меѓу нив, сѐ до времето, земјоделството и дијалектот на јазикот.
мини|Дупка на хобит (цртеж) Конкретно, средишниот дел на Шир одговара на Западни Мидлендс во Англија, во кои влегуваат Вустершир (каде што Толкин го сместил својот „дом“, бидејќи семејството на мајка му потекнувало од Ившем), Шропшир, Варвикшир, Херфордшир и Стафордшир, и според Том Шипи формира „културна единица со корени што се протегаат длабоко во историјата“.Tom Shippey, Tolkien and the West Midlands: The Roots of Romance, Lembas Extra (1995). Северната област со своите силни снежни врнежи би можела да одговара на Јоркшир или Езерскиот Крај, додека јужната област се наоѓала толку на југ што во неа правеле вино и одгледувале тутун за луле.
Името „Шир“ потсетува на книгата на Теренс Вајт „Ја ценам цела Англиja“ (), каде што Вајт вели дека живее во „Шир“ со голема буква „Ш“.Во оригиналот е игра на зборови: shire — „крај, област“, исто така составен дел од имињата на грофствата во Обединетото Кралство.
Индустријализација на Шир се заснова врз детските спомени на Толкин за појавата на бројни претпријатија од тешката индустрија во вустерширскиот крај. Востанието на хобитите и обновувањето на прединдустрискиот Шир може да се толкува како медицински рецепт за „доброволна едноставност“, кој може да послужи како лек за проблемите на современото општество. Саруман, ликот одговорен за загадувањето на Шир и кој го поттикнал сопственикот на мирната житна воденица да ја преправи во фабрика што испушта чад и нечистотија, делумно го добил своето име од името на Сархолската воденица, во чија близина Толкин го поминал „најмирољубивиот период“ од своето детство.Tom Shippey, Tolkien and the West Midlands: The Roots of Romance, Lembas Extra (1995), p.56.
Покрај сето друго, вреди да се забележи дека Западните Мидлендс послужиле како прототип не само за Шир. Овој ист регион во подалечното минато (кога бил Мерсија) исто така послужил и како образец за Роханската Марка (или Рохиримите).
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Измислени земји