thumb|300px|Радарската топографија го покажува 180км широкиот прстен на кратерот. (Сликата е од НАСА.)
Чикшулуб (шпански и јутоацтечки: Chicxulub) () — стар кратер настанат од удар на небесно тело и се наоѓа на полуостровот Јукатан во Мексико. Центарот на кратерот е близу градот Чикшулуб. Кратерот е широк преку 180км и според тоа е најголем познат кратер на светот. Телото што го создало (астероид или комета) било најмалку 10км во пречник.
Кратерот бил откриен во 1970-тите од геофизичарот Глен Пенфилд кој работел на истражување на нафтени наоѓалишта во тој регион. Доказите за постоењето на удар од небесно тело се потиснат кварц, гравитациска аномалија и тектити во околните области. Со анализа на изотопите, утврдено е дека кратерот настанал пред околу 65 милиони години.
Ударот на небесното тело и последиците од тоа се сметаат за причина за прекин на геолошкиот период Креда и настапување на Терцијарот, радикални климатски промени, изумирање на диносаурусите и многу други животински видови.
Детали за ударот
Пречникот на ударното небесно тело бил околу 10км и се проценува дека при ударот ослободило 500 Зета-Џули енергија 5×1023 џули, што е еквивалентно на 100 тератони (1014 тони) ТНТ.Bralower, et al. За споредба, најсилната јадрена експлозија направена од човекот е од руската Цар-Бомба со сила од 50 мега-тониAdamsky and Smirnov, 19., што е за 2 милиони пати послабо.
Ефекти
Ударот предизвикал некои од најсилните цунами во историјата на Земјата. Облаци од прашина, пепел и пареа се ширеле од кратерот. Ископаниот материјал од местото на ударот, заедно со материјалот од ударното тело бил исфрлен над атмосферата, а при враќањето се загреал како метеорити и паѓајќи повторно на Земјата стотици километри подалеку предизкикал глобални пожари. Ударните бранови кои се ширеле низ Земјината кора предизвикале глобални земјотреси и вулкански ерупции. Прашината и поситните честички останале во атмосферата и на површината на Земјата со години потоа, нарушувајќи ја животната средина на живите суштества.Hildebrand, Penfield, et al; 5. Фотосинтезата на растенијата била попречена со што се нарушил целокупниот ланец на исхраната.Perlman.Pope, Ocampo, et al.
Геологија и морфологија
Денес површината на кратерот е покриена со глина и варовник во длабочина од околу 1000м, но овие слоеви се настанати по ударот, односно во Палеоценот и подоцна.Hildebrand, Penfield, et al; 3. Под овој слој се наоѓаат материјалите кои го сочинувале небесното тело и Земјината подлога во времето на ударот. Тоа се андесит, бреција, фелдшпат и потиснат кварц. Депресијата на местото на ударот е 600-1100м подлабоко од околината. Се смета дека и тектитите најдени на Хаити потекнуваат од овој удар, бидејќи таму не се најдени астероидни кратери.Grieve.
Покрај самиот кратер, дополнителен ефект настанал со создавањето на тенка наслага од глина присутна на К-Т Границата по целата Земјина топка. Оваа глинена наслага содржи невообичаено висока концентрација на иридиум.Alvarez. Содржината на иридиум на познатите метеорити и астероиди е вообичаено поголема од таа на Земјата.Quivx. Се претпоставува дека овој слој на глина богата со иридиум настанал кога иридиумот испарил од астероидот и се раширил низ атмосферата по ударната експлозија.Mayell.
Уништување на живиот свет
Теориите за масовно изумирање на живиот свет како резулат на удар од небесно тело постоеле многу пред откривањето на Кратерот Чикшулуб. Откритието на кратерот, како и неговото датирање кое се совпаѓа со времето на исчезнувањето на диносаурусите и голем број други групи животни и растенија, само ја потврдуваат оваа теорија.Alvarez, W. interview. Оваа теорија денес е речиси општо прифатена во научниот свет.
Надворешни врски Сателитска слика на регионот (од Гугл Мапи) НАСА: Докази за изумирањето на диносаурусите (англ.) Чикшулуб, Кратерот на проклетството (англ.)
Наводи
Категорија:Кратери Категорија:Диносауруси Категорија:Историја на Јукатан Категорија:Историја на Карибите