Хајнрих Карл Бејрих (22 март 1796 – 15 септември 1834) — германски ботаничар роден во Вернигероде.
Студирал ботаника на Универзитетот во Гетинген, а во 1819 година вршел ботанички истражувања низ северна Италија и источните Алпи. Во 1822-1823 година заминал на експедиција во Бразил во име на пруската влада, со цел да собира растителни примероци за Пфауенинзел и Ботаничката градина во Ној-Шенбергер. Во септември 1834 година, за време на експедиција низ Северна Америка, тој се разболел и починал во тврдината Гибсон — денешна Оклахома.
По него се именувани бројни растителни видови, меѓу кои и орхидеите Centaurium beyrichii и Galeandra beyrichii.
Наводи
Категорија:Починати во 1834 година Категорија:Родени во 1796 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Германски ботаничари