Карл Лебрехт Удо Дамер (р. , Аполда — п. , Гросрамбин во близина на Колобжег) — германски ботаничар, кој исто така бил заинтересиран и за ентомологија.

Тој бил син на Ото Дамер (1839–1916), еден од првите застапници на работничкото и социјалдемократското движење во Германија. Дамер студирал природни науки во Берлин и работел во Ботаничката градина во Санкт Петербург од 1882 до 1886 година. Во 1888 година, докторирал на Универзитетот на Фрајбург. Од 1889 година работел во Кралскиот ботанички музеј во Берлин. Дамер го основал и уредувал списанието Страници за љубители на растенија (герм. Blätter für Pflanzenfreunde).

Почести Растителни таксони именуван во негова чест:

Dammeria во семејството Arecaceae Dammeri е специфичен епитет што се однесува на Карл Лебрехт Удо Дамер.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Починати во 1920 година Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Германски ентомолози Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки