Јонас Карлсон Драјандер (р. – ) — шведски ботаничар.
Биографија Драјандeр бил роден во Гетеборг, Шведска. Тој бил син на Карл Леонард Драјандер и Брита Марија Монтин. Бил ученик на Карл Линеј на Упсалскиот универзитет. Се запишал на Лундскиот универзитет во 1778 година и се стекнал со титулата магистер по филозофија истата година.
Тој пристигнал во Лондон на 10 јули 1777 година. Тој се поврзал со Сер Џозеф Бенкс, и по смртта на шведскиот натуралист Даниел Соландер во 1782 година, станал библиотекар на Кралското друштво и потпретседател на Линеевското друштво во Лондон.
Публикациите на Драјандер вклучуваат Каталог на библиотеката за природна историја на Џозеф Бенкс (1796-1800).
Во 1784 година, тој бил избран за странски член на Кралската шведска академија на науките.
Родот Dryandra бил именувал во негова чест од стран на неговиот пријател и колега научник Карл Питер Тунберг (1743–1828), а Роберт Браун го именувал Grevillea dryandri во негова чест.
Наводи
Надворешни врски Портрет на Џонас Драјандер од Вилијам Даниел
Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Шведски биолози Категорија:Апсолвенти на Лундскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет Категорија:Починати во 1810 година Категорија:Родени во 1748 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Шведски ботаничари