Аракан или Ракајн (име кое повеќе се користи денес) е една од седумте држави во Мјанмар. Сменстена е на западниот брег и се граничи со Чин на север, Магве, Баго и Иравади на исток, Бенгалски Залив на запад и Бангладешката провинција Читагонг не северозапад.

Потекло на поимот Името Ракајн (или Аракан) е развиен од Палискиот збор Rakkhapura или Санскритскиот Raksapura, што значи земја на народот Ракаса (Rakhasa > Rakkha > Rakhine) и самиот збор Ракајн значи тој што ја одржува својата раса.

Името "Аракан" низ историјата е користено во Бенгалскиот, Арапскиот, Португаскиот, и Англискиот како замена алтернативна замена за "Ракајн", кое било користено од домородното население. Демографија

Во Аракан постојат 11 етнички групи (не вклучувајќи ги етничките под групи), од кои Ракините и Бамарите се домородни и најмногубројни. Поради големиот број на народи ситуацијата е покомплексна поради политичките тензии.

Административна поделба

Аракан е поделен на 5 дистрикти: Ситуеј, Монгдоу, Батидаунг, Чокпру и Тендоу. Има 17 градски општини и 1,164 села.

Еконимија

Во Аракан годишно паѓа многу дожд и со тоа оризот е застапен во околу 85% од вкупната обработлибва површина. Кокосот и Нипа палмата се исто така важни. Рибарството е најважната индустриска гранка. Следи дрвната индустрија и рударството.

Поврзано Административна поделба на Мјанмар Наводи

Надворешни врски Будистичко мисионерско друштво Раки ните во Јапонија Араканската литература Rakhapura Arakan Internet Journal Rohingya National Organisation

Категорија:Сојузни држави во Мјанмар Категорија:Држави и територии настанати во 1974 година