thumb|250px|Изенгард во филмот Господарот на прстените: Двете кулиИзенгардСпоред англиската транскрипција би било „Ајзенгард“, но на македонски официјално е транскрибирано како Изенгард. ( , , „железна тврдина“)Hall, John R. Clark. A Concise Anglo-Saxon Dictionary: For the Use of Students (англ.). — Swan Sonnenschein & Company, 1894. — P. 178, 130. — тврдина во долината Нан Курунир на јужниот крај од Магливите Планини, една од најважните утврдувања во Средната Земја во легендариумот на Џ. Р. Р. Толкин. Зборот „Изенгард“ е германски/англосаксонски превод на синдаринското име Ангреност (синдарин: „железна тврдина“).

Местоположба Изенгард делумно бил природен планински предел, а делумно дело на рацете на Нуменорците. Тврдината била опашана со прстен од камени ѕидови со висина од околу 30 метри, со единствена порта сместена на југ. Од портата, патот водел кон брзаците на реката Изен. Внатрешниот простор претставувал круг со пречник од една милја, првично исполнет со зеленило и овошни дрвја што се натопувале од потоците што се слевале од планините кон езерото, но во времето на владеењето на Саруман, зеленилото веќе го немало. Во центарот на прстенот се издигнувала кулата Ортханк со висина од над 150 метри, една од трите најважни кули на Гондор (другите две се наоѓале во Минас Анор и Минас Итил).

Тврдината била изградена од Нуменорците „во деновите на нивната моќ“ и била дел од Гондор, заедно со земјите на Каленардон. Дури и по отстапувањето на овие земји на народот на Еорл, Изенгард останал гондорска тврдина, чувана од гондорска стража на чело со капетан (титула што се пренесувала по наследство), додека клучевите од Ортханк се чувале кај намесникот на Гондор. На две милји јужно од портите на Изенгард се наоѓале браната и надворешната ограда што се протегала меѓу ридовите со кои завршувале Магливите Планини. Внатре во таа ограда се наоѓале обработените земји на луѓето од тврдината. мини|Знакот на изенгардските урук-хаи|лево

Историја Кога Гондор ослабел, Изенгард, кој го чувал преминот меѓу Белите и Магливите Планини, морал да биде напуштен. Во 2710 г. од третата доба, тврдината ја зазеле Данлендците, но веќе во 2759 г. тие биле протерани, и истата година Саруман дошол кај Рохиримите со подароци и го зазел Изенгард со дозвола од Берен, намесникот на Гондор. Од него Саруман ги добил и клучевите од Ортханк. Оттогаш долината на Изенгард почнала да се нарекува Нан Курунир.

Така, првично Саруман бил само командант на гондорските луѓе, формално потчинет на намесникот. Но во 2953 г. тој го прогласил Изенгард за своја сопственост и започнал да го утврдува, спроведувајќи големи преградби. Тогаш биле исечени шумичките, а езерцето било исушено и затрупано. Во тврдинските ѕидови биле пробиени бројни тунели што станале касарни за војската на Саруман. Ковачниците и другите работилници биле сместени под земја. Отприлика во исто време, во Мордор повторно бил изграден Барад-дур.

Во 3019 г., откако Саруман претрпел пораз во војната со Рохан, Ентите го поплавиле внатрешниот простор со водите на Изен, а потоа ја срушиле прстенестата ѕидина. Ортханк не успеале да го урнат. Откако се договорил со поглаварот на Ентите, Дрвобрад, Саруман ја напуштил кулата, предавајќи ги клучевите од неа, кои потоа му биле предадени на Арагорн. Подоцна Арагорн ја предал целата долина, освен Ортханк, на управување на Ентите под услов да ја чуваат кулата. Потоа на местото на Изенгард бил направен нов парк низ кој течела река, влевајќи се во езерото што го опкружувало Ортханк.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кралства во Средната Земја