Rumex angiocarpus ― повеќегодишна билка од родот штавеј (Rumex) која расте на ливади во повеќето делови од Европа.

Опис Многугодишно растение високо до 40 см. Стеблото е вертикално во долниот дел неразгрането, во горниот дел кај соцветието силно разгрането. Во основата на стеблото има поголем број на базални листови. Орхеите се надолжно раскинати на повеќе линејни дела. Соцветието е метличка со разгранети странични гранчиња. Цветовите се еднополни, групирани по неколку во прешлени.

Во Македонија Расте по варовнички и серпентински камењари и брдски пасишта на надморска височина до 700 метри.

Видот е познат за Скопје, Катланово, Жеденска Клисура, Таорска Клисура, Штип, Кочани, Делчево, Македонска Каменица.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија