Лепосавиќ (, или Albanik) — гратче и општина во Косовскомитровичкиот Округ во најсеверниот дел на Косово. Во 2015 г. општината имала 18.600 жители, зафаќала површина од и освен гратчето, опфааќа 72 села.

Се наоѓа во регионот Северно Косово населен од српско мнозинство.

Историја

Од 1877 до 1913 г. Лепосавиќ бил во состав на Косовскиот Вилает. Во тогашното село Лепосавиќ се одвивале борби во Српско-турските војни од 1876-1878 г.

Во Југославија (1918–92) По Првата балканска војна (1912) Косово станало дел од Србија (а Метохија дел од Црна Гора) согласно Лондонскиот договор од мај 1913 г. Во 1918 г. влегло во Кралството СХС (подоцна Кралство Југославија), а од 1929 до 1941 г. територијално ѝ припаѓало на Зетската Бановина.

Во 1953 г. во Општина Лепосавиќ влегле и селата Лешак, Бело Брдо, Врачево и Бербериште.

Во средината на 1950-тите Собранието на НР Србија одлучило да ѝ ја отстапи Општина Лепосавиќ на Автономната покраина Косово и Метохиха на барање на косовските водачи. Доготаш било во состав на Краљевскиот Срез, чие население било чисто српско. По овој чекор бројот на Србите драстично опаднал. Припојувањето стапило на сила во 1959 г.

Поново време По НАТО-вото бомбардирање на СР Југославија е основана политичката група Движење за Лепосавиќ (Покрет за Лепосавић) која има за цел да ги обедини сите оние посветени на соработка и општење со меѓународната заедница и Албанците.

Населени места Освен гратчето Лепосавиќ, општината ги опфаќа следниве села:

Баре Бело Брдо Белуќе Бербериште Бистрица Борова Борчане Брзанце Витановиќе Врачево Вуча Гњеждане Горни Крњин Граничане Гркаје Гувниште Гулије Десетак Добрава Долно Исево Долни Крњин Дрен Дубока Забрѓе Заврата Земаница Зрносек Ибарско Постење Јариње Јелакце Јошаница Кајково Каменица Кијевчиќе Копориќе Костин Поток Кошутица Кошутово Крушево Крушчица Кутње Лазине Лепосавиќ Лешак Лозно Мајдево Мекиниќе Миоковиќе Миолиќе Мошница Остраќе Плакаоница Планиница Поповце Поткомље Придворица Рватска Родељ Руцманце Сеоце Слатина Сочаница Тврѓан Требиќе Трикосе Ќирковиќе Улије Церања Црвени Црнатово Шаљска Бистрица

Население

Според проценката на косовската влада од 2011 г. Општина Лепосавиќ имала 4.193 домаќинства со 13.773 жители. Во извештај на ОБСЕ од 2015 г. се вели општината имала 18.600 жители. Општината опфаќа едно гратче и 72 села.

Народи Мнозинството жители се Срби (18.000 лица или 96,4 %), а останатите се 350 Бошњаци и 270 Албанци. Албанците живеат во трите јужни села Шаљска Бистрица, Церања и Кошутово.

Народносниот состав на Општина Лепосавиќ, вклучувајќи ги ВРЛ е следниов: Народ 1991 1999 2015Срби14,30615.36517.935Бошњаци600940350Албанци1.101902270Роми, Ашкалии163-65Други100--Вкупно16.29117.20718.600

Стопанство Стопанството во општината претежно се заснова на земјоделство, мали занаетчиски дуќани и малопродажба.

На територијата на општината постојат три рудници за олово и цинк: „Бело Брдо“, „Црепуље“ и „Црнац“.

Културни знаменитости Општината има неколку знаменитости прогласени за културно наследство на Србија.

Манастир „Сочаница“ Манастир „Врачево“ Црква „Св. Кузман и Дамјан“ Црква „Св. Василиј Острошки“

Галерија

Поврзано Северно Косово Заедниоца на српски општини Косовскомитровички Округ

Наводи

Извори

Надворешни врски

Портал на Општина Лепосавиќ

Категорија:Градови во Косово Категорија:Општини на Косово