Ова е страница за покраина. За општината видете Билиран, Билиран. За островот видете Билиран Остров.

Билиран — една од најмалите покраини на Филипините и е сместена во регионот Источни Висаи . Таа е остров покраина и се наоѓа на само неколку километри северно од островот Лејте. Главен град е Навал и до 1992 таа беше дел од покраината Лејте.

Демографија Според пописот во мај 2000, Билиран имаше вкупно население од 140,274 жители, кои живеат во 27.907 домаќинства со просек од 5,02 жители по домаќинство.

Јазици Жителите на Билиран претежно зборуваат на себуански и варајски јазик. Себуанскиот го зборуваат 57,79% од населението и најмногу во западниот дел на островот,додека варајскиот го зборуваат 40,8% од населението и тоа претежно во источните краеви. Поголемиот дел исто така зборува и разбира тагалски и англиски.

Административна поделба Билиран е поделена на 8 општини. Има 132 барангаи. Алмериа Билиран Кебукгајан Каибиран Кулаба Кавајан Марипипи Навал

Стопанство Економијата на Бириран претежно се заснова на рибарството. Повеќето од градовите како Навал и Билиран, имаат одлични пристаништа.

Надворешни врски BiliranIsland.com Biliran Province Официјално мрежно место на покраината

thumb|лево|300п|Слика снимена од Спејс Шатл на 12 април 1993

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Сложени вулкани Категорија:Држави и територии настанати во 1992 година Категорија:Источни Висаи