мини|292x292пкс|Светот на почетокот од 5 век п.н.е. мини|292x292пкс|Атинскиот Партенон бил изграден во 438 г. п.н.е. 5 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 500 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 401 г. п.н.е.

Во овој век бил основан Паталипутра, главниот град на империјата Магада. Градот опстанал повеќе од илјада години и станал главен град на многу индиски кралства. Овој период бил одбележан и со развојот на две големи филозофски школи во Азија, Џаинизам и Будизам. Махавира и Буда своите учења ги рашириле по северните рамнини на Индија, што, во суштина, ја сменило социо-културната и политичката динамика во регионот на Јужна Азија. Будизмот подоцна се развил во една од најголемите светски религии.

Во овој период делата на древно-индискиот граматичар Јаска станале широко познати. Тој ја создал Нирукта, една од најстарите дела по граматика позната на човештвото, со која го поставил камен-темелникот на санскритската граматика.

Овој век во Европа традиционално е познат како класичниот период на Грците, кој продолжил и во 4 век п.н.е. сè до времето на Александар Македонски. Животот и делото на Сократ претставувало значајно обележје во грчката филозофија, иако неговите учења преживеале само преку делата на неговите ученици, особено на Платон и Ксенофонт. Творците на класичните грчки трагедии Есхил, Софокле и Еврипид, како и големиот творец на комедии Аристофан, ѝ припаѓале на оваа ера, а нивните дела сè уште се сметаат за класика на европското театарско творештво.

Грчко-персиските војни, кои се воделе меѓу коалицијата на грчките градови и големото Ахеменидиско царство (Првата персиска империја) биле клучниот настан во грчката политика. По успешното спречување на анексијата на Грција од страна на Персијците, Спарта, доминантната сила во коалицијата, немала намера за понатамошни напади и сметала дека војната е завршена. Во меѓувреме, Атина продолжила со нападите, ослободувајќи ги грчките градови на Јонското крајбрежје од Персиската империја и ја создала новата коалиција наречена Делски сојуз. Тензиите меѓу Атина и нејзините растечки империјалистички амбиции како водач на Делскиот сојуз и традиционално доминантната Спарта довеле до Пелопонеската војна.

Настани

Демотското писмо, кое е поедноставна варијанта на хиероглифите, станало доминантно писмо во древниот Египет.

490-ти п.н.е.

499 п.н.е.: Аристагора, дејствувајќи во име на Персиската империја, неуспешено го нападнал бунтовниот остров Наксос. 499 п.н.е.: Аристагора го поттикнал Јонското востание, по што почнале Грчко-персиските војни меѓу Грција и Персија. 499 п.н.е.: Малоазискиот град Сардис бил ограбен и опожарен од атинските и јонските војски. 498 п.н.е.: Лентини бил освоен од тиранинот Хипократ од Гел. 498 п.н.е.: Александар I го наследил својот татко Аминта I како крал на Македонија. 496 п.н.е.: Битката кај Регилското езеро: легендарната рана римска победа над Етрурците или Латините. 496 п.н.е.: Бил роден Софокле. 495 п.н.е.: Бил изграден храмот на богот Меркур на Циркус Максимус во Рим. 494 п.н.е.: Битката кај Ладе, по која Персијците повторно ја освоиле Јонија. 494 п.н.е.: За првпат во Рим биле бирани два плебејски трибуни и два плебејски едили, а била основана и канцеларијата на трибуналот. 494 п.н.е.: Рим се сменил од Аристократска Република во Либерална Република. 493 п.н.е.: Бил основан Пиреј, пристаништето на Атина. 493 п.н.е.: Гај Марициј Кориолан го освоил волскиот град Кориоли за Рим. 492 п.н.е.: Прва експедиција на кралот Дариј I Персиски против Грција под раководство на неговиот зет Мардониј. Ова бил почетокот на воените дејствија кои кулминирале со Маратонската битка во 490 г. п.н.е. 491 п.н.е.: Леотихид II го симнал својот братучед Демарат од власт и се прогласил за крал на Спарта. 491 п.н.е.: Гелон станал владател на Гел. 490 п.н.е.: Маратинската битка, каде Дариј I Персиски бил поразен од Атињаните и Платејците под Милтиадес. 490 п.н.е.: Грчкиот војник Фидиппид трчал 40 километри од Маратон до Атина за да ја објави веста за победата на Грција и по објавувањето починал од изнемоштеност и крвавење; оттаму потекнуваат маратонските трки.

480-ти п.н.е.

489 п.н.е.: Градовите на Родос се обединиле и започнале со изградба на новиот град Родос. 488 п.н.е.: Леонид I го наследил својот брат Клеоменс I како крал на Спарта, откако Клеоменс го прогласиле за луд. 487 п.н.е.: Египет се побунил против Персијците. 487 п.н.е.: Егина и Атина влегле во војна. 486 п.н.е.: Бил изграден првиот дел од Големиот канал во Кина. 486 п.н.е.: Ксеркс I го наследил Дариј I како крал на Персија. 486 п.н.е.: Се одржал Прв будистички совет во Реџаха, под покровителство на кралот Ајатасатту. Усната традиција била за првпат воспоставена. 484 п.н.е.: Атинскиот писател на трагедии Есхил добил поетска награда. 484 п.н.е.: Ксеркс I го укинал Вавилонското царство и ја отстранил златната статуа на божеството Бел (Мардук, Меродах). 483 п.н.е.: Починал Гаутама Буда. 483 п.н.е.: Персискиот цар Ксеркс I започнал да го планира освојувањето на Грција. 481 п.н.е.: Завршува војната меѓу Атина и Егина. 480 п.н.е.: Кралот Ксеркс I се обидел да ја освои Грција. 480 п.н.е.: За да ги убеди Атињаните дека во борба против Персијците е потребна морнарица, а не пешадија, грчкиот генерал Кимон, заедно со неговите пријатели, демонстративно со коњски узди отишле на Акропол и се помолиле на божицата Атена, зел штит и слегол кон морето.   480 п.н.е.: Плеистарх го наследил својот татко Леонидас I како крал на Спарта. август, 480 п.н.е.: Битката кај  Артемизиј била поморска битка меѓу вдружените грчки полиси и персиската монархија на чело со Ксеркс I и се одвивала истовремено со Битката на Термопилите. Грците биле принудени да се повлечат по тродневни борби.     11 август, 480 п.н.е.: Херојската Битка на Термопилите помеѓу вдружените грчки полиси, предводени од спартанскиот крал Леонид I, и Персијците, во која тие извојувале скапа победа над Грците. 23 септември, 480 п.н.е.: Одлучувачката поморска Битка кај Саламина, помеѓу вдружените грчки полиси предводени од Темистокле и Персиската империја, во која Грците извојувале победа. 480 п.н.е.: Битката кај Химера: Картагинците предводени од Хамилкар биле поразени од сицилијанските Грци, предводени од Гелон од Сиракуза. 480 п.н.е.: Римската војска го нападнала етрурскиот град Веји.

470-ти п.н.е.

479 п.н.е.: Во Битката кај Платеј, Грците ги поразиле Персијците, со што завршиле Грчко-персиските војни. 479 п.н.е.: Битката кај Микале била една од двете големи битки во која победиле вдружените грчки полиси, после што завршила втората персиска инвазија над Грција. 479 п.н.е.: Потидеја, грчка колонија на Халкидики, била погодена од цунами. 479 п.н.е.: Починал Конфуциј, големиот кинески филозоф, учител и политичар од времето на Периодот на пролет и есен. 478 п.н.е.: Бил основан Храмот на Конфуциј во (денешен) Чу-фу. 477 п.н.е.: Бил основан Делскиот сојуз меѓу грчките полиси . 476 п.н.е.: Архидам II, крал на Спарта, го наследил својот дедо Леотихид, кој бил симнат од власт поради оптужба за мито и бил прогонет во Тегеј. 475 п.н.е.: Кралот Јуан од Џоу станал 27-ти владетел на династијата Џоу и 15-ти владетел на источниот Џоу. 474 п.н.е.: Битката кај Кума – поморска битка меѓу флотата на Сиракуза под водство на Хиерон I и етрурската флота, во која Етрурците биле поразени, со што завршила етрурската експанзија во јужна Италија. 474 п.н.е.: Грчкиот поет Пиндар се упатил кон Теба. 473 п.н.е.: Кинеската држава Ву била анектирана од државата Јуе. 472 п.н.е.: Градот Каристос во Евбеја бил принуден да се приклучи на Делскиот сојуз (приближен датум). 472 п.н.е.: Старогрчкиот писател Есхил ја напишал трагедијата „Персијанци“. 471 п.н.е.: Атинскиот политичар Темистокле бил прогонет на десет години (острацизам).

460-ти п.н.е.

469 п.н.е.: Филозофот Сократ е роден во Атика, Грција. 468 п.н.е.: Софокле, грчкиот драмски писател, го победил Есхил за Атинската награда. 468 п.н.е.: Градот Антиум бил освоен од римските сили. 468 п.н.е.: Кралот Џендинг од Џоу станал крал на Џоу династијата во Кина. 466 п.н.е.: Делскиот сојуз ја поразил Персија во Битката кај Евримедон. 466 п.н.е.: Грчката колонија Тарас во Голема Грција била поразена од Јапиги, домородно население од античка Апулија; Тарантинската монархија паднала и била заменета со демократија и протерување на Питагорејците. 465 п.н.е.: Кралот Ксеркс I Персиски бил убиен во заговор скован против него од Артабан Хираканиј. Го наследил помладиот син Артаксеркс I, а Артабан себеси се прогласил за регент. 465 п.н.е.: Тасос се побунил против Делскиот сојуз. 464 п.н.е.: Во Спарта имало земјотрес, а во Грција дошло до востание на Хелотите и биле заострени односите со Атина, што било еден од факторите кои довеле до Пелопонеската војна. 464 п.н.е.: Регентот Артабан Персиски бил убиен од страна на еден од заверениците. 464 п.н.е.: Трета месенијска војна, меѓу Месенија и Спарта, избила по разорниот земјотрес во Спарта. 462 п.н.е.: Револтот на Тасос против Делскиот сојуз завршил со нивно предавање. 461 п.н.е.: Атинскиот политичар Кимон бил прогонет на десет години. 460 п.н.е.: Египет се побунил против Персија, отпочнувајќи шестгодишна војна. Атинската војска која била испратена за напад на Кипар била пренасочена за да го поддржи овој бунт. 460 п.н.е.: Луциј Квинкциј Цинцинат станал конзул на Римската Република. 460 п.н.е.: Лекарот Хипократ е роден во Кос, Грција.

450-ти п.н.е.

459 п.н.е.: Плеистоанакт го наследил својот татко Плеистарх како крал на Спарта. 459 п.н.е.: Според старогрчкиот историчар Диодор Сицилијански, сицилискиот град Моргантина бил уништен од Дукетиј, водач на Сикулите. 459 п.н.е.: Еврејскиот свештеник Ездра, по 50 годишно ропство во Вавилон, ги извел Евреите од Вавилон и ги однел во Ерусалим. 458 п.н.е.: Грчкиот драматург Есхил ја завршил трилогијата Орестија, приказната за семејната крвна одмазда. Со оваа трагедија тој ја освоил првата награда на натпреварот во 458 г. п.н.е. Овие три трагедии се единствени целосно сочувани дела на античката литература. 458 п.н.е.: Цинцинат бил именуван за диктатор на Римската Република, со цел да се брани од италското племе Екви. Шеснаесет дена подоцна, по поразот на напаѓачите во Битката на планината Алгид, тој поднел оставка и се вратил на својата фарма. 457 п.н.е.: Во оваа година била спроведена најголемата реформа на атинскиот државник Перикле, кој им овозможил на обичните луѓе да служат во било која државна канцеларија, а се смета дека тоа било почеток на Златното доба на античка Атина. 457 п.н.е.: Во Битката кај Танагра, во близина на Теба, Спартанците ги поразиле Атињаните. 457 п.н.е.: Битката кај Енофита - Атињаните ги поразиле Тебанците и ја презеле контролата врз Беотија. 457 п.н.е.: Уредба на Артаксеркс I за повторно воспоставување на градската власт во Ерусалим. Види Ездра 7,  Даниел 9 и Неемија 1 во Стариот завет. 455 п.н.е.: Било склучено Триесетгодишното примирје меѓу Атина и Лакедемон. 455 п.н.е.: Еврипид ја претставил својата прва позната трагедија, Пелиадес, на атинскиот фестивал Дионисија. 454 п.н.е.: Атина претрпела загуба на својата флота во неуспешен обид да ја потпомогне египетската буна против Персија. 454 п.н.е.: Државниот трезор на Делскиот сојуз бил преместен од Делос во Атина. 454 п.н.е.: Непријателства меѓу Сегеста и Селинунт, два грчки града на Сицилија. 453 п.н.е.: Бил поплавен Таијуан, град во Кина. 451 п.н.е.: Атина склопила мир со Спарта и ја започнала војната против Персија. 451 п.н.е.: По постојаните меѓусебни борби за власт, римските плебејци и патриции се договориле да формираат десетчлена комисија наречена Децемвири, која требала да ја спроведува власта во Римската Република. Тие го донеле писмениот закон, наречен Закон на дванаесетте таблици, кои се основата на Римското право. 450 п.н.е.: Битката кај Саламина на Кипар, во која Кимон извршил опсада на градот Китиј со цел да ги истера Персијците од Кипар. Тука тој загинал, а Грците не успеале да го ослободат Кипар.