Монопринт вид на графичка уметност чија цел е создавање уникатни отпечатоци, кои можат сериски да истражуваат одреден ликовен мотив. Додека другите методи на печатење создаваат повеќекратни примероци во рамките на едно издание, монопринтот се третира како издание од еден примерок (1 од 1). Постојат многу техники за изработка на монопринтови, меѓу кои особено се издвојува монотипијата. Техниките на печатење што можат да се користат за создавање монопринтови ги вклучуваат литографијата, дрворезот и бакрорезот (ечнгот).Cathy’s Guide To Monoprinting Видови Монопринтот претставува единствен отпечаток на слика добиен од матрица погодна за печатење. За изработка на матрицата се користат материјали како што се метални плочи, литографски камења или дрвени блокови. Наместо да се печатат повеќе копии од една слика, се изработува само еден отпечаток, при што уметникот слика или создава колаж директно врз матрицата. Плочите за печатење може да се премачкаат со боја на експресивен и уникатен начин, така што сликата не може точно да се репродуцира. Монопринтовите може да вклучуваат колаж, рачно насликани додатоци и техника на прецртување при која густа боја се нанесува на маса, врз неа се поставува хартија, а потоа се црта по хартијата, со што бојата се пренесува на неа. Монопринтови може да се добијат и преку менување на видот, бојата и притисокот на бојата што се користи за создавање на различни отпечатоци. При изработката на монопринт, можно е да се пренесат елементи од посебни уметнички дела во еден монопринт.MONOPRINTING – AN INTRODUCTION Монопринтовите се познати како најсликарски метод меѓу графичките техники; тие всушност претставуваат отпечатена слика. Карактеристика на овој метод е тоа што не постојат два исти отпечатока. Убавината на овој медиум лежи и во неговата спонтаност, бидејќи претставува спој на графичките, сликарските и цртачките техники.

Техника Монопринтингот и монотипијата се слични, но не и идентични. И двата процеса вклучуваат пренос на боја од плоча на хартија, платно или друга површина на која конечно ќе се наоѓа уметничкото дело. Кај монопринтингот, уметникот создава матрица за повеќкратна употреба на замислената слика. Матриците може да вклучуваат шаблони, метални плочи и рамни камења. Овој вид на печатење овозможува изработка на повеќе отпечатоци од истата матрица. За разлика од тоа, монотипијата вклучува употреба на привремена слика која се уништува по само еден отпечаток. На пример, еден вид монотипија подразбира пренос на насликани слики од желатинска плоча на лист хартија. По завршувањето на процесот, сликата повеќе не останува на желатинската плоча.

Монопринтовите може да се сфатат како варијации на одредена тема, при што темата произлегува од постојаните елементи на матрицата – како што се линиите и текстурите – кои се задржуваат од еден до друг отпечаток. Иако можностите за варијации се бескрајни, постојаните карактеристики на матрицата остануваат непроменети при секое печатење.

Монопринтингот го користеле многу уметници, меѓу кои и Георг Базелиц. Некои графики од старите мајстори – како што се бакрорезите на Рембрант со индивидуална манипулација на бојата за постигнување „површински тон“ или рачно досликаните бакрорези на Дега (кои обично се нарекуваат монотипии) – би можеле да се класифицираат како монопринтови, но ретко се опишуваат на тој начин.Monoprint

Наводи

Категорија:Графика